Македонија
Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата, СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.
Појаснуваат дека од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата.
„Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.ВМРО-ДПМНЕ работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите“, се истакнува во соопштението.
До некаде, како што велат, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа, нагласуваат од ВМРО_ДПМНЕ, треба јавно да излезат и да им се извинат на македонската јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Дебар – Маврово
Се укинува забраната за движење на тешки моторни на патниот правец Дебар – Маврово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни которни возила 19,45 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и обратно, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и во лето и во зима, граѓаните заглавени во снегот, а државните служби повторно се изненадени
Секој ден се повеќе станува јасно дека неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните, оценуваат од СДСМ.
„Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември. Превојот Стража е блокиран и не може да се помине. Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, кој е од клучно значење, не е исчистен, а движењето по превојот Плетвар е отежнато, со сериозни ризици за возачите. Патот до Галичник е непрооден веќе еден месец, оставајќи го локалното население во целосна изолација. Граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите.
Летото зад нас го обележаа катастрофални пожари, при што изгореа десет проценти од територијата на државата, поради несоодветно управување и задоцнета реакција. Наместо да научи од своите грешки, власта продолжува со истата епска неспособност и денес, во зимски услови, го доведува населението во сериозен ризик“ , реагираат од опозициската партија.
СДСМ уште еднаш укажува дека ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да ги игнорира своите обврски кон граѓаните и да почне да работи, да управува со државата со сериозност и одговорност. Ако не се способни да го направат тоа, како што додаваат, нивното место е надвор од власта, бидејќи државата и нејзините граѓани заслужуваат подобро.