Контакт

Македонија

Случај ,,Рекет”: Чифлиганец демантира дека барал дуќан од Камчев

Објавено пред

Сопственикот на градежната компанија „Адора“, Ванчо Чифлиганец, кој беше споменат од страна на Орце Камчев во објавените разговори за случајот „Рекет“, ги демантира наводите дека барал од бизнисменот дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова.

„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката се нема случено бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е дури и попатно споменување на моето име“, вели Чифлиганец во соопштението што го упати до јавноста.

Обвинителката Лиле Стефанова претходно напомена дека бизнисменот Камчев намерно ја спомнува за да ја компромитира од причина што го води случајот „Империја“.

Македонија

Центарот за лицата со попреченост во Берово ќе биде реконструиран со донација од Кина

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и амбасадорот на НР Кина, Жанг Зуо, денеска го посетија Дневниот центар за лица со попреченост во Берово, кој ќе биде реконструиран и дополнително опремен со донација на НР Кина.

Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија донира 1.540.000 денари за зајакнување на услугите на Дневниот центар за деца и лица со попреченост што функционира при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Берово и ја покрива и соседната општина Пехчево.

Донацијата ќе биде искористена за опремување и помали реконструктивни зафати во просториите на дневниот центар. Предвидено е да се опремат, кабинет за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца и лица со аутистичен спектар на нарушувања.

Дневниот центар веќе располага со потребниот стручен кадар вклучувајќи специјализиран кинезитерапевт, специјален едукатор/ рехабилитато,социјален работник, физиотерапевт и медицински сестри.
„Воспоставувањето на различни и индивидуални социјални услуги на локално ниво е еден од приоритетите на Mинистерството за труд и социјална политика. Тие имаат за цел зајакнување на корисниците и унапредување на нивниот личен развој“, оцени министерката Шахпаска.

Таа се заблагодари на поддршката на НР Кина, но и на сопругата на претседателот Ѓоргиевска која беше вклучена во процесот на избор на Дневниот центар за деца и лица со попреченост како институција за која ќе биде наменета донацијата.

Во евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Берово фигурираат околу 300 деца и лица со различен тип на попреченост, кои би биле можни корисници на идните нови услуги на дневниот центар – рехабилитациски и физио-терапевтски услуги.

Прикажи повеќе...

Македонија

Соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

Објавено пред

Заштитата на жртвите на семејното насилство, проблем со којшто нашето општество се соочува и за жал има нагорен тренд во последните три децении, треба да се заснова за интензивна, планска и координирана соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор. Бројот на осудени лица за семејно насилство е мал, што значи дека потребно е поголемо подигање на свеста за охрабрување на жените, но и на сите членови на семејството да го пријават ваквото девијатно однесување.

Ова е заклучокот од денешната конференција на тема „Жената како жртва на насилство- механизми за заштита и помош од институциите“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“.

„Разбирањето на факторите кои придонесуваат за семејно насилство и факторите кои влијаат на жената да остане во насилна врска е важно за програмата за превенција, како и за изготвување план за третман на жените жртви на семејно насилство. Анализирајќи ги сите карактеристики на жртвата, всушност се поставува основата и за институционално дејствување. Тоа подразбира сеопфатна институционална соработка во насока на приближување на жртвата кон остварување на правдата и оневозможување за нејзино повлекување под страв и закани“, истакнаа во своето излагање Александра Србиновска Дончевски, професор по комуникации и масовни медиуми и Наташа Тодоровска, професор по казнено процесно право на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН.

Според последните податоци, во казнено поправните установи во Република Северна Македонија, казната затвор ја издржуваат вкупно 2045 осудени лица, од кои 26 се осудени лица заради семејно насилство во повеќе облици. Во КПД „Идризово“ казната затвор ја издржуваат и 2 жени кои извршиле кривично дело како резултат на семејното насилство.

Сите осудени лица, па и оние за семејно насилство, поминуваат низ процес на ресоцијализација со цел нивно полесно реинтегрирање, не само во семејството, туку и во општеството. Па така, според Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции во изминатиот период во КПД Идризово, жените меѓу кои осудени и за насилство, биле вклучени во повеќе активности за ресоцијализација.

„Во соработка со УНДП, организирани се стручни обуки со кои жените се стекнуваат со валидни сертификати за шивачки или фризерки, а дел од нив беа вклучени и во дооформување на основното образование. Овие активности, односно стручното оспособување на жените ќе им овозможи нивно полесно осамостојување и реинтегрирање во општеството по излегување од казнено поправната установа, со што ќе доведе и до намалување на можноста да бидат жртви на семејно насилство“, истакна Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции говорејќи за третманот на лицата осудени за семејно насилство.

Полицијата најчесто прва доаѓа во контакт со жртвите на семејно насилство и постапува во случаите на семејно насилство. Затоа, според Јулијана Станчова, главен инспектор за семејно насилство во Единица за криминалистички работи при СВР Скопје, од исклучителна важност е да се работи на полето на сензибилизирање на полициските службеници за препознавање на семејното насилство и постапување со жртвите на семејно насилство, како и меѓуресорската соработка и вмрежување на институциите, сè во интерес на жртвите.

Конференцијата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, која што ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ е на иницијатива на Билjaна Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугариjа во Скопје. Ангелова на денешната конференција истакна дека домашното насилство се случува 365 дена во годината и затоа за овој проблем општeството треба да биде гласно. Таа ги охрабрува жртвите на насилство отворено да зборуваат за проблемот со кој што се соочуваат, без страв, срам или осуда од околината. Ангелова на денешната конференција ги повика сите заинтересирани граѓани на 12 декември да се приклучат на Маршот против насилството под мотото „Заедно сме посилни“ и тивко да им дадат поддршка на жените и децата жртви на насилство, којшто ќе се организира во неколку поголеми градови во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минатата недела бројот на заразени од коронавирус е намален за 17,3 проценти

Објавено пред

Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведуваат молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела.

Во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје се наведува дека во овој период регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 града во државата, со намалување од 17,3 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 до 19 проценти, просечно 13,1 отсто. Повеќето од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.000; 43,9 отсто) со неделна инциденца – 157,7/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 324,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=92; четири отсто). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.215 (53,4 отсто) лица од женски и 1.060 (46,6 отсто) од машки пол.

Статус оздравени стекнале 2.540 лица што биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 40 реинфекции, со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 68 смртни случаи во 18 града во текот на изминатата недела, со намалување од 30,6 отсто во однос на претходната недела. Повеќето од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=54; 79,4 отсто) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години (10), од 40 до 49 години (1) и од 30 до 39 години (3).

ЛИНК до целиот извештај.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија3 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија4 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија4 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа5 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија5 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет5 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет7 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет7 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет8 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ19 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион20 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет21 час

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион21 час

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија22 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Досие