Македонија
Собирањето потписи продолжува за 15 кандидати за градоначалници

Заклучно со 28 август 2021 година, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи ги собраа следните кандидати за градоначалници:
1. Фатмир Лимани, кандидат за градоначалник на општина Кичево,
2. Горан Рајчевски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
3. Горан Чекаловиќ, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
4. Јован Пејовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
5. Стојанче Лазов, кандидат за градоначалник на општина Росоман,
6. Перо Митревски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
7. Ана Петровска, кандидат за градоначалник на град Скопје,
8. Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје,
9. Ацо Новевски, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод,
10. Марјанчо Колевски, кандидат за градоначалник на општина Кратово,
11. Сенат Усеиновски, кандидат за градоначалник на општина Охрид,
12. Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп,
13. Горан Поцев, кандидат за градоначалник на општина Радовиш,
14. Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе,
15. Енвер Пајазити, кандидат за градоначалник на општина Брвеница,
16. Жика Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Илинден,
17. Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола.
18. Шаќир Ислјами, кандидат за градоначалник на општина Врапчиште,
19. Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово,
20. Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија,
21. Миран Митревски, кандидати за градоначалник на општина Македонска Каменица.
Собирањето на потписи ПРОДОЛЖУВА за следните кандидати за градоначалници:
1. Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
2. Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово,
3. Насто Палиоски, кандидат за градоначалник на општина Струга,
4. Иљо Ангов, кандидат за градоначалник на општина Василево,
5. Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош,
6. Мартин Кировски, кандидат за градоначалник на општина Кочани,
7. Зоран Чиплаковски, кандидат за градоначалник на општина Берово,
8. Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,
9. Александар Симоновски, кандидат за градоначалник на општина Зелениково,
10. Влатко Смоковски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
11. Ивица Тошевски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце,
12. Љубомир Јосифовски, кандидат за градоначалник на град Скопје,
13. Александар Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Пехчево,
14. Господин Попоски, кандидат за градоначалник на општина Вевчани,
15. Александар Симоновски, кандидат за градоначалник на општина Зелениково.
СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ
Заклучно со 29 август 2021 година, до 21 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општините ги собрале следните групи избирачи:
1. Група избирачи Петар Камчевски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Кавадарци,
2. Група избирачи Ристо Сакалиев, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Кавадарци,
3. Група избирачи Аки Акиев, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Кочани,
4. Група избирачи Франческо Наков, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Чешиново- Облешево,
5. Група избирачи Јана Белчева-Андреевска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Центар,
6. Група избирачи Борче Бучиновски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Могила,
7. Група избирачи Сејдо Селиов, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Виница,
8. Група избирачи Арбен Демироски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Охрид,
9. Група избирачи Антонио Наумовски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Охрид,
10. Група избирачи Димитар Веќановски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Охрид,
11. Група избирачи Дарко Конески, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Прилеп,
12. Група избирачи Ристе Андонов, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Свети Николе,
13. Група избирачи Хамди Сулејмани, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Тетово,
14. Група избирачи Гарп Немиш, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Велес,
15. Група избирачи Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Карпош,
16. Група избирачи Мирослав Славковиќ, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Чучер Сандево,
17. Група избирачи Горан Русовски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Чучер Сандево,
18. Група избирачи Стефан Путовски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Чучер Сандево,
19. Група избирачи Драгана Велковска, листа на кандидати за членови на совет на Град
Скопје.
20. Група избирачи Габриела Илиевска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Битола.
21. Група избирачи Ивица Аврамовски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Македонски Брод,
22. Група избирачи Бране Јовановски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Македонски Брод,
23. Група избирачи Филип Џуковски, листа на кандидати за совет на Општина Маврово и
Ростуше,
24. Група избирачи Перо Митревски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Македонска Каменица,
25. Група избирачи Ахмедин Рамовиќ, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Долнени,
26. Група избирачи Златко Шурбески, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Могила,
27. Група избирачи Агим Садику, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Кичево,
28. Група избирачи Венко Крстевски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Кочани,
29. Група избирачи Владо Ристов, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Зрновци,
30. Група избирачи Македонка Ангеловска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Кратово,
31. Група избирачи Димче Андрески, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Дебарца,
32. Група избирачи Зоран Ногачески, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Дебарца,
33. Група избирачи Дејан Ѓорѓиев, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Пробиштип,
34. Група избирачи Денис Тодоровски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Пробиштип
35. Група избирачи Алексанрда Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на совет
на Општина Радовиш,
36. Група избирачи Африм Селими, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Врапчиште,
37. Група избирачи Јован Златевски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Кавадарци,
38. Група избирачи Владе Миланов, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Лозово,
39. Група избирачи Даниел Максимовски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Македонски Брод,
40. Група избирачи Томе Ќичуков, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Гевгелија,
41. Група избирачи Миран Митревски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Македонска Каменица, и
42. Група избирачи Стевче Стевоски, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Охрид,
Собирањето потписи ПРОДОЛЖУВА за:
1. Група избирачи Ремзи Медиќ, листа на кандидати за совет на Општина Битола,
2. Група избирачи Ристенка Алтипармаковска, листа на кандидати за членови на совет
на Општина Битола,
3. Група избирачи Милош Стаменковиќ, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Куманово,
4. Група избирачи Сузана Ѓорѓевиќ, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Куманово,
5. Група избирачи Ивана Ѓоѓиевска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Куманово,
6. Група избирачи Андон Крстевски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Демир Капија,
7. Група избирачи Александар Николовски, листа на кандидати за членови на совет
на општина Дебарца,
8. Група избирачи Абдул Азис Адеми, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Тетово,
9. Група избирачи Дејан Димитровски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Гази Баба,
10. Група избирачи Александар Јаневски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Петровец,
11. Група избирачи Маријанчо Арангелов, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Кавадарци,
12. Група избирачи Ѓорѓи Танушев, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Струмица,
13. Група избирачи Шевкет Асанов, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Струмица,
14. Група избирачи Стојанчо Велков, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Босилово,
15. Група избирачи Божо Лажетиќ, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Центар,
16. Група избирачи Борис Ванчев, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Богданци,
17. Група избирачи Муамет Ахмедов, листа на кандидати за членови на совет на
општина Чашка,
18. Група избирачи Дарко Спасовски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Ранковце,
19. Група избирачи Костадин Василев, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Ново Село,
20. Група избирачи Стојанчо Трпески- Чауш, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Македонски Брод,
21. Група избирачи Митко Камчев, листа на кандидати за членови на совет на Општина
Кавадарци,
22. Група избирачи Костадин Ристоманов, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Ново Село,
23. Група избирачи Виолета Ѓорѓиевска, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Пехчево,
24. Група избирачи Бојан Трајковски, листа на кандидати за членови на совете на
Општина Старо Нагоричане,
25. Група избирачи Трајче Илиевски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Гази Баба, и
26. Група избирачи Свето Димовски, листа на кандидати за членови на совет на
Општина Чучер Сандево.
Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК на 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјава испраќа помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Македонската Влада попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети.
МНР информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од Министерството за надворешни работи, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.
Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.
Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, го задолжи Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес;
„Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција;
Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош;
Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови“ се дел од заклучоците од вонредната владина седница.
Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално – текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.
Македонија
Oсмани: ОБСЕ дава сериозна поддршка преку активности и проекти за борба против антисемитизмот

Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи денеска во Скопје ја отвори првата конференција организирана во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, посветена на справувањето со Антисемитизмот. Станува збор за традиционален собир на земјите учеснички на Организацијата, реномирани експерти и граѓански организации, кој се одржува со цел да се постави заедничка агенда за обновување на заложбата на ОБСЕ за толеранција и недискриминација.
Во своето обраќање Османи изрази сериозна загриженост за алармантниот пораст на антисемитизмот, присутен во регионот на ОБСЕ и пошироко.
„За жал, сведоци сме дека светот не докрај ги има научено историските лекциите од Холокаустот. Денеска сме во екот на воена агресија на тлото на Европа. Последиците за многу генерации ќе бидат тешки и ќе остават траен белег во нивните сеќавања. Конфликтот, секогаш отвора простор за нова омраза. Негирањето на едни кон други, чинови на насилство и предизвикување на омраза отвораат простор и услови за други форми нетолеранција и дискриминација“, рече Османи.
Османи истакна дека нетолеранцијата, непочитувањето, навредување во однос на религиозна припадност, личното самоопределувањето на секој поединец се појави кои дополнително ги усложнуваат состојбите во ОБСЕ регионот.
„Растот на антисемитизмот директно ја поткопува структурата и заложбите што ги сочинуваат темелите на ОБСЕ, како и еден од приоритетите на нашето претседавање, кој се однесува на толеранцијата и недискриминацијата. Од оваа причина, земјите учеснички на ОБСЕ треба цврсто да ги поддржуваат сегашните и идните активности на Организацијата, во справувањето со омраза против еврејското население, но генерално и против сите други“, потенцираше Османи.
Зборувајќи за контекстот во Северна Македонија, Османи рече дека Антисемитизмот е главно реактивен, освен случајни, индивидуални коментари на социјалните мрежи или други изолирани медиуми. Тој го посочи како позитивен пример искуството на нашата земја основано на толеранција и меѓусебно почитување.
„Тешко стекнато искуство на Северна Македонија во создавањето на функционално мултиетничко, мултикултурно и мулти-конфесионално општество, базирано на толеранција и меѓусебно почитување, е наш придонес и пример за создавањето на отпорни општества, во поглед на сите форми на дискриминација. Во рамките на претседавањето и лично како претседавач на ОБСЕ го нудиме овој модел до сите оние во ОБСЕ регионот, кои имаат политичка волја да го применат кај себе“, нагласи Османи.
Османи потсети и на Антисемитизмот во историските наративи на земјата, особено за историјата на Втората светска војна и убиството на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, осврнувајќи се на заедничката историја меѓу Македонците и Евреите и силната историска врска. Тој додаде и дека раководство во Северна Македонија настојува да одржува добри врски со државата Израел и со сопствената Еврејска заедница, што се потврдува и со Декларацијата на Собранието пред 5 години.
Претседавачот со ОБСЕ Османи за време на своето обраќање пред присутните на конференцијата го спомена и изобличувањето на Холокаустот и навредливите антисемитски теории за кои рече дека биле користени од изворите на пропаганда за промовирање и оправдување на руската воена агресија против Украина.
Македонија
Ковачевски – ОБСЕ „Квинта“ амбасадори: Северна Македонија е позитивен пример како низ дијалог се наоѓаат решенија кои водат кон стабилност и просперитет

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со амбасадорите на земјите од Квинта. Станува збор за амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, кои присуствуваа на конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето на нашата држава со организацијата.
Премиерот Ковачевски на состанокот изрази благодарност за соработката и ја потенцираше поддршката што во целост Владата ја дава за претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација, истакнувајќи дека тоа за нашата држава е голема чест, но во исто време и голема одговорност.
Премиерот подвлече дека приоритет на претседавањето на Северна Македонија ќе биде хуманата безбедност, со акцент на ситуацијата во Украина, засилени теренски мисии, како и ставање фокус на луѓето и нивните потреби.
Премиерот Ковачевски ја изрази важноста за обезбедување поддршка за функционалност на институциите на ОБСЕ, бидејќи како што потенцираше организацијата има разни механизми и алатки за поддршка на мирот и безбедноста, како и спречување на нови конфликти. Тој подвлече дека како претседавачи со ОБСЕ, нашата земја е подготвена да обезбеди политичко раководство на организацијата стремејќи се да придонесе во процесите за поголема стабилност, кои се клучни за севкупната европска безбедност.
Ковачевски истакна дека Северна Македонија е отворена за конструктивни предлози за унапредување на улогата на ОБСЕ за време на нашето претседавање.
На состанокот заеднички беше констатирано дека борбата против корупцијата и промовирањето на доброто владеење треба да се на врвот на приоритетите со цел одржување на демократскиот и социо-економскиот раст.
Што се однесува до внатрешно политичката состојба во земјата, премиерот Ковачевски истакна дека следува период на поинтензивни консултации и дебати за уставните измени коишто следат, како услов за понатамошно напредување кон ЕУ. Премиерот Ковачевски на состанокот нагласи дека од голема важност за Северна Македoнија е поддршката на САД и ЕУ, за земјата да ги заврши потребните реформи во нејзиниот евроинтеграциски процес.