Македонија
(Видео) Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски

Собранието не му го одзеде мандатот на пратеникот Никола Груевски, констатираше претседателот на Собранието, Талат Џафери. За одземање на мандато гласаа 58 а 29 беа „против“, но за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да гласаат „за“. Ниту еден пратеник не се јави за збор.
Предлогот беше испратен од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која мнозинството пратеници донесоа заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на пратеникот Никола Грувски. Пред неколку дена дел од пратениците, кои побараа да се одземе мандатот на Груевски, изјавија дека тој е недостоен за вршење на функцијата пратеник.
Ваква процедура следува по известувањето што стигна до Собранието од кривичниот суд дека пратеникот Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда на 2 години затворска казна. Груевски не беше присутен во Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.