Македонија
Сончево време со температура до 11 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје претпладне претежно облачно време, со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
В петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат в понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Лефков: Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони евра
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција рече дека „Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки“.
„Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Имено во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер“ на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот.
Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без било какво претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.
За сериозноста, односно несериозноста на компанијата говори и фактот што истата беше управувана од човек по име Александар Јовановски – Жути, човек без било какво искуство во медицинската опрема, а во централниот регистар како адреса за контакт била наведена веќе легендарната zuti45@yahoo. Оваа адреса стана синоним за алаш вериш тендерите на Филипче.
Сите овие скандалозни факти не беа доволни Филипче да не го додели овој огромен тендер, но дури после огромниот и голем притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ истиот да го поништи. Но, како и за многу други скандали, така и за овој обвинителството остана немо.
Венко Филипче беше клучниот играч на Заев во сите криминалии и корупција кои се случуваа во здравството. Затоа и го штитеше и го чуваше на таа позиција. Тогаш го чуваше во министерското столче, сега го постави во претседателската фотелја во СДСМ. Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста. Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат“, истакна Лефков на прес-конференција во партиското седиште.
Македонија
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада. Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите. Седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бара изговори за да ја смени политиката на покачување на платите која СДСМ доследно ја спроведуваше. Ова директен удар врз стандардот на граѓаните и враќање кон раст на социјалните разлики во општеството“, велат од СДСМ.
„СДСМ застанува на страна на работниците. СДСМ им дава поддршка на синдикатите да продолжат ревносно да се борат и да ги бараат своите права, исто како што тоа го правеа во време на Владата на СДСМ. Да бидат гласни и доследни, а СДСМ ќе биде нивни сојузник во остварување на правата. Социјадемократскиот Сојуз на Македонија силно верува дека секој работник треба да добие правичен надомест за вложениот труд и од оваа политика нема да се откажеме.
За 7 години минималната плата беше зголемена четири пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Заедно со Синдикатите се утврди и методологија за постојан пораст на минималната плата. Одговорност на Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи растот на минималната плата и да престане да бара изговори. Работниците тоа го заслужуваат, да имаат достоинствени примања“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција
Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во Македонија, Ковид кризата, бркаа провизии за набавка на вакцините, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека илјадници граѓани починаа поради доцнењето на вакцините и Македонија бележеше највисоки стапки на смртност во време на Ковид кризата, Венко Филипче како министер за здравство во владата на Заев договараше вакцини со фирмата Стабри од Хонг Конг по 100% повисока цена од тоа што го плаќаа останатите земји, односно другите влади плаќаа по 30 долари, а Филипче и Заев договараа 62 долари. За 200 илјади вакцини тоа се 6 милиони евра повеќе пари.
Тоа е методот на работа на Венко Филипче, ортакот во бизнисите и матните зделки на Зоран Заев. Тие се лицето и опачината на истата паричка. Сега Филипче седнува на фотелјата во СДСМ мислејќи дека така ќе се заштити од одговорноста од коруптивните зделки за кои постои сериозен сомнеж дека ги направил како министер во владата на Заев. И тој и Заев мислат дека СДСМ ќе ја користат како заложник за да се спасат од евентуални постапки. Но треба да знаат дека таа математика нема да им помине, односно секој кој се огрешил и ќе одговара“, пишува во соопштението на владејачката партија.