Македонија
Сончево време со температури до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 608 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 608 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Македонија
Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 87 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.
Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Македонија
ДИЖС: Единствено гориво што се користи како енергенс во БЕГ Топлификација е природен гас

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека е извршена проверка на резервоарите за мазут во Топлана Исток на Балкан енерџи (БЕГ), како и на начинот на постапување со отпадот, вклучително и со опасен отпад.
„Надзорот имаше за цел проверка на информациите дека БЕГ резервирал големи количини мазут за целата грејна сезона од компанија на која претходно ѝ бил запрен увоз на мазут во Хрватска заради несоодветен квалитет на горивото. Беше утврдено дека количината на мазут што БЕГ има обврска да ја набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка. И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно не користеле мазут од 2013 година, во која биле гасифицирани. Во резервоарите нема складирано мазут, односно единствено гориво што се користи како енергенс е природен гас. Извештаите за дневна потрошувачка на гориво од страна на БЕГ изработени од Регулаторна комисија за енергетика потврдуваат дека БЕГ не користи воопшто мазут како енергенс“, наведува инспекторатот.
ДИЖС додава дека доколку дојде до прекин на снабдување со гас во грејната сезона во 2021 година, тогаш со потенцијално користење на мазут ќе се емитираат големи количества штетни гасови.
Инспекторатот потенцира дека е неопходно да се измени Законот за енергетика и нагласува дека наместо задолжувањето за набавка на мазут како алтернатива на гасот, да се бара воведување обновливи извори или други еколошки енергенси.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот