Македонија
Сончево и многу топло време, со температури до 41 степен
Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен. УВ=8
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне 38 степени.
Според УХМР, во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) 73,2% ученици- пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување 7,8 и 9-одделенци
Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици кои пушат, најголем борј ученици и покрај тоа што се малелетни, кажале дека не им бил побаран документ за идентификација кога си купувале цигари и енормно расте бројот на ученици кои користат електронски цигари, покажа последното истражување на Институтот за јавно здравје за употребата на тутун и тутнски производи кај младите спореведено со поддршка од Светската здравствена организација како дел од глобално истражување за пушењето кај учениците од седмо, осмо и деветто одделение. Истражувањето кај нас е спроведно во 75 училишта, а учествувале 4.706 ученика.
„Податоците од истаржувањето покажуваат дека 13,6 % од ученицит ена возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ и тое е највисоката преваленца досега регистрирана во нашата држава. Вкупно 10% од нив користат електронски цигари што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот, додека 55,4 % биле изложени на чад во затворени јавни простории. Во однос на достапноста на тутунските производи ова истражување покажува дека 73,2 % од младите пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст“, рече министерот за здравство Азир Алиу.
Резултатите од ова истражување министерот Алиу вели дека се основа на новиот предлог-Закон за забрана на пушењето чија цел е да се денормализира пушењето преку четири столба.
Првиот столб е целосна заштита од пасивно пушење, без чад и без аеросоли во затворени и работни простории. Заштитата важи и за аеросоли од електронските цигари чија безбедност при пасивна изложеност не е докажана.
Втор столб е намалувањето на привлечноста односно предлог – Законот забранува продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил како што се овошни, слтки, ментол и други вкусови кои ја маскираат штетноста и го оследнуваат првото пробување. Тие ќе бидат забранети за продажба кај нас со предлог- Законот.
Третиот столб се однесува на ограничување на маркетингот и изложувањето. Министерот Алиу вели дека ќе се стави крај на таргетирањето на младите преку социјалните мрежи, преку инфлуенсери игри и други дигитални форми. Тутунските и никотинските производи повеќе нема да бидат јавно изложени туку во затворени ормари.
Четвртиот столб е ограничување на достапноста и засилена контрола на продажаба за малолетници.

Новиот Закон ви дозволува да пушите ако сакате, само ве спречува да пушите онаму каде што може да им наштетите на други, рече претставниот на СЗО, Али Аким
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Али Аким, кажа дека глобално 14.000 деца на возраст од 13 – 15 години сега пушат тутун, а зависноста не треба да биде нешто со кое почнувате во адолесценцијата. Аким смета дека нашата земја мора да се повести посебно на тоа што тутунот е насекаде и е дозволен, што ќе се надмине со новиот предлог – Закон за забрана на пушењето.
„Законот ви дозволува да пушите ако сакате, само ве спречува да пушите онаму каде што може да им наштетите на други“, рече претставниот на СЗО, Аким.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, вели дека истражувањето покажало три важни работи одноно дека никотинот кај младите останува значаен предизвик , дека зема се поголем замав и ја менува сликата на зависности кај адолесцентите и дека изложеноста на чад преку пасивно пушење, влијанието на маркетингот и достапноста на производите за малолетни лица се уште претставува сериозен системски предизвик кој треба да биде во државните приоритети за решавање.
Македонија
Левица: Доцни исплатата за породилно отсуство
Цел месец нема исплата на надомест за породилно отсуство. Мајките кои се на породилно отсуство, жени што родиле, кои се во најчувствителниот период по породување, се оставени без средства што им следуваат по закон, велат од Левица.
„Во држава со мизерни плати и сѐ поскап животен стандард, каде голем дел од семејствата едвај го туркаат месецот, вакво доцнење не е банална административна грешка, туку сериозен удар врз егзистенцијата. Најпогодени се самохраните мајки и семејствата каде мајката е единствениот вработен или носител на приходот. За нив, породилното не е додаток, туку основа за преживување“, велат од партијата.
Според Левица, особено лицемерно е што истата таа власт секојдневно зборува за демографија, за зголемување на наталитетот.
„Не може да повикувате на раѓање деца, а да не сте способни навреме да исплатите породилно. Не може да се гради демографска политика со празни флоскули додека мајките чекаат на исплата до последен ден од месецот. Доколку Владата има капацитет навреме да исплаќа функционерски плати и привилегии, тогаш мора да има капацитет и навреме да ги исплати мајките. Сѐ друго е доказ за погрешно поставени приоритети“, велат од партијата.
Левица бара итна исплата на заостанатото породилно и јасен одговор од надлежните – дали станува збор за финансиски проблем, лошо буџетско планирање или елементарна неспособност.
Македонија
СДСМ: Граѓаните сè знаат за Груби, нема што да прашуваме
Нема зошто да прашуваме за Груби кога се знае сè, ние знаеме сè, граѓаните знаат сè, велат од СДСМ.
„Кога прашуваме за пет тони дрога – добиваме одговор Дубаи.
Кога прашуваме за авион – добиваме скокови во далечина.
Кога прашуваме за платите на работниците – добиваме Венеција.
Кога прашуваме за обвинителството – добиваме Сент Мориц.
Кога прашуваме за Орбан, енергетиката, 4ИГ, медиумската мрежа во сопственост – добиваме Харис Џиновиќ.
Кога прашуваме за часовници – добиваме Струмица.
Кога прашуваме за мигранти – добиваме Декрет за забрана на говор“.
Единствено кога прашуваме за Душан Адамовиќ, почесниот конзул, нагласуваат од опозициската партија и зошто Владата поставила човек со криминално досие, тогаш молк.
„Тезите ви се исклучиво ад хоминем, де јуре се е во ред со Адамовиќ а де факто – молк“.

