Македонија
Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени, информираат од УХМР.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. В недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад на социјалните мрежи.
Во објавата Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.
Македонија
(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа.
„Штотуку излеговме од полициската станица во Кисела Вода, со советничката Ирена Витина каде што бевме повеќе од два часа. По првиот час нагло се промени расположението во полициската станица по што почнаа да се обидуваат да го прикријат овој настан со цел да го заштитат лицето кое што физички ме нападна“, рече Арсовска.
„Трагедијата е што добив прашања од нивна страна, што сум барала јас таму, зошто одам и шетам на терен. Ако ви е целта да не изглегувам на терен, веднаш ви кажувам нема да ме спречите. Лицата кои ми се закануваа пред шест дена јавно, таканаречените команданти на ОВК на коишто главна цел во животот е да шетаат по улици и да тепаат жени. Ова лице смислено ме нападна, прво физички, понатаму со закани од тоа дека ќе ми ликвидира семејство, дете, еден по еден. Се јавуваше по телефон, си разговараа со него лицата од МВР и му дозволија да сврти 20 телефонски повици. По цел час вербални напади врз луѓето кои беа таму, вклучително и останатите жени, инспекторките, советничката Витина, ги нарекуваше кучки и со какви не зборови, по три часа во болница да завршиме во полициската станица каде што сега се обидуваат да го заташкаат случајот со тоа што ми велат да не сум излегувала на терен и што воопшто сум барала таму.
Ќе пријавувате насилници сто пати, никој нема да реагира и на крај ќе ве утепаат. Затоа не сме држава. Затоа МВР функционира во одбрана на криминалци, МВР функционира да ги брани оние кои тепаат по улици, можеби се плашат од нив, ако се плашите, Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка, оди си, дај некој што е храбар, што има срце, душа нека оди таму да се справува со овие луѓе. Криминалци ли ќе ни ја водат државата. Треба ли да се плашиме да излеземе од дома. Не се срамите од ова што го правите?“, праша Арсовска.
Македонија
Ганиу го осуди нападот врз Арсовска: Ниту еден вработен или функционер на oпштина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот врз Данела Арсовска и негира поврзаност со инцидентот.
„Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество.
Сметајќи дека е важно јавноста да биде точно информирана, ја појаснуваме фактичката состојба – настанот воопшто не е поврзан со нашата институција. Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот.
Општина Чаир останува посветена на зачувувањето на јавниот ред, почитувањето на институциите и унапредувањето на соживотот меѓу заедниците.
Во тој контекст, постапувањето останува во надлежност на соодветните институции, кои согласно своите процедури, ќе делуваат со внимание и одговорност, во насока на расветлување на настанот и зачувување на јавниот ред и мир“, напиша Ганиу на социјалните мрежи.