Контакт

Македонија

Сончево и променливо облачно, со температури до 16 степени

Објавено пред

Времето ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 11 до 16 степени.

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од денеска времето ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат на некој степен под нулата.

Наутро некаде во котлините ќе има услови за појава на магла. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Македонија

Сончево време со температура до 7 степени

Објавено пред

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 7 степени.

В петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво. Врнежи на повеќе места повторно ќе има од понеделник. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри

Објавено пред

На свечениот настан што се одржа по повод 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители, министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање даде кус осврт на важноста и значењето на Академијата, како и на заложбите што Министерството за правда и Владата ги прават за нејзин развој и усовршување преку реформата во правосудниот систем.

„Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е храм на образованието во правосудниот систем, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители“, рече Маричиќ во своето обраќање.

Тој потенцира дека измените и дополнувањата на Законот за Академијата на судиите и јавните обвинители се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда во процесот на креирање независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем, кој одговара на европските стандарди.

„Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и Јавното обвинителството, каде што судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата што носи квалитет во правосудниот систем и продуцира кадри на судии и обвинители, кои, покрај домашното законодавство, ги знаат и применуваат Европската конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди“, додаде Маричиќ.

На крајот, министерот за правда испрати честитка за досегашната работа на Академијата и посака да продолжи посветено да работи и понатаму заради квалитетот на идните генерации на судии и јавни обвинители, заради заштита на професијата, заради граѓаните, но и заради напредокот на државата, која одлучно работи на европската агенда.

Академијата му додели благодарница за неговиот ангажман и придонес како министер за правда во развојот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 ноември и на 1 декември 2021 година учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, Република Латвија.

За време на дводневните работни сесии беа разгледани прашања од стратешко значење на алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идните безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици што доаѓаат од Белорусија.

Тема на состанокот беа и состојбата во Западен Балкан и геостратешките интереси на алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и на евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за стратешкиот концепт на НАТО како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на алијансата.

На работните сесии министрите усвоија повеќе одлуки и документи. Тие се значајни за идното дејствување и зајакнување на алијансата, но и за подготовка на самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи, меѓу другото, нагласи дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко стратешко дејствување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари повеќе средби – со помошник-државениот секретар на САД, Карен Донфрид; со министрите за надворешни работи на Словенија – Анже Логар; Норвешка – Аникен Ш. Хјитфелт; Франција – Жан-Ив Ле Дријан; Р. Чешка – Јакуб Кулханек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија13 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија15 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет16 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија18 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија18 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија19 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија20 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет21 час

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија22 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија22 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа23 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија1 ден

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија1 ден

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион2 дена

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет2 дена

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија2 дена

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија2 дена

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ2 дена

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија2 дена

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Досие