Македонија
Сончево и студено време, утринските температури под нулата

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 3 степени.
Ќе продолжи периодот на стабилно и студено време. Минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ахмети прави спектакл во сала, улиците претворени во паркинг

Засилено полициско присуство на дел од улиците во Чаир, а колони од автомобили се паркирани на улицата Христијан Тодоровски Карпош во оваа општина. Очевидци коментираат дека ДУИ запоседна дел од улиците за свои паркинзи.
Причината е најавуваниот митинг од страна на ДУИ.
Во Чаир пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неговите партиски колеги, Талат Џафери и владините министри.
„Синиот океан Чаир му припаѓа само на Али Ахмети! Те сакам многу“, напиша на социјалните мрежи Артан Груби пред почетокот на настанот.
Македонија
Македонците се најнесреќни на Балканот, според светскиот извештај за среќа

Граѓаните на Северна Македонија се најнесреќни во регионот, покажува најновиот Светски извештај за среќа за 2023 година.
Спoред медиумите во регионот, Северна Македонија е на 87 место меѓу 137 земји, на последно место на Балканот и меѓу најнесреќните земји во Европа.
Во регионот Словенија е најсреќна и се наоѓа на 22 место, Косово е на 34 место, Србија на 45, Хрватска на 48, Грција на 58 место, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 71, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место на светскиот извештај за среќа.
Само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106) се рангирани пониско од Северна Македонија, е наведено во извештајот.
Авганистан и Либан се најнесреќните земји во светот, Финците се најсреќни, а во првите пет се и Данска, Исланд, Израел и Холандија.
Ова е 11-та година од објавувањето на извештајот за 20 март – Меѓународниот ден на среќата, кој беше прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година.
Извештајот секоја година го составуваат научници од Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на Институтот Галуп, кој опфаќа 137 земји.
Македонија
Поради градежни активности времен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес – Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворен за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.