Македонија
Сончево и топло време, попладне локален пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.
Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Трајчулевски: ВМРО-ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за изградба на пат и развој на туризам во демирхисарско
ВМРО – ДПМНЕ одби уште два амандмани на СДСМ, со кој се бараат средства за изградба на локален пат во демирхисарскиот регион, кој ќе биде од значење за населението, но и за развој на туризмот во земјата, информираат од СДСМ.
– СДСМ бара да се обезбедат средства за изградба на локален пат од населено место Сопотница до манастирот „Св. Атанасиј“ во општина Демир Хисар. Овој манастир, не е само религиозно, туку е и културно и туристичко наследство, не само за локалното населението, туку и за Македонија. Исто така да се издвојат средства и за реконструкција на локалниот пат од Слепче до манастирот Св. „Јован Претеча“ и ова е важно за да се подобри пристапот до овој манастир но и за развој на туризмот во овој крај“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, комисијата за финансирање на буџет.
Покрај овој амандман, како што истакнува Трајчулевски, беше предложен и амандман за реконструкција на локален пат во населено место Смилево, Демир Хисар, за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што Смилево, има историско, туристичко и културно значење за нашата држава.
Македонија
Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци
Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија.
Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно од Богданци.
Длабочината е 20 километри.
Претходно земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Македонија
Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.
По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше:
„Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.
Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.