Македонија
Сончево и топло со температури до 29 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Само некаде по котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 14, а максималната од 23 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Температурата 10/28 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција, соопштија денеска од таму по информацијата во медиумите дека Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.
РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“, соопштија од Регулаторната комисија.
Според претходно изнесените информации Бислимоски, спротивно на Законот за енергетика и правилата за лиценци, не отпочнал постапка за одземање лиценца за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта и нафтени деривати (вклучително еуродизел, биодизел, еуросупер, екстра лесно масло и течен нафтен гас) – на компанијата „Тритерол Петрол ДООЕЛ“ Скопје, иако, за тоа постоеле законски основи поради неисполнување пропишани услови.
Македонија
Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.
Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал.
Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.
Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Македонија
Минчев: Градиме координиран и професионален инспекциски систем во служба на граѓаните
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес претседаваше со првата конститутивна седница на Колегиумот на директори на државните инспекциски служби, при што Министерството за јавна администрација ја исполни законската обврска за одржување на оваа седница, но и постави основа за поефикасна, посистемска и усогласена соработка меѓу сите инспекциски органи во државата.
Целта на Колегиумот не е само формална координација, туку суштинско унапредување на размената на информации и добри практики, усогласување на инспекциските постапки, заедничко планирање на активности, како и навремено идентификување и надминување на системските предизвици.
„Очекувам овој Колегиум да прерасне во вистинска платформа за стратешки дијалог, каде што ќе се отвораат прашања од заеднички интерес, ќе се предлагаат конкретни решенија и ќе се градат политики кои ќе придонесат за поголема правна сигурност, подобра услуга кон граѓаните и стопанството и зголемена доверба во институциите“ – истакна министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација, како што беше нагласено на седницата, ќе остане силен и активен партнер во процесот на реформирање на инспекцискиот систем, со јасна заложба за професионализација на инспекциските служби, унапредување на институционалните капацитети, дигитализација на процесите и доследна примена на законските решенија.
Министерот посочи дека новиот Закон за инспекциски надзор става посебен акцент на планирањето како темел на квалитетен, ефикасен и предвидлив инспекциски надзор.
„Овој закон не претставува само формална нормативна рамка, туку суштинска реформска алатка која поставува нови стандарди на професионалност, одговорност и координација во работењето на инспекциските служби“ – нагласи Минчев.

