Македонија
Сообраќајна несреќа кај Младо Нагоричане, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајна несреќа, патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане е во прекин за секаков вид на сообраќај, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид, Претор и Битола, -1 во Скопје-Петровец, во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Велес, Кавадарци и Струмица, 1 во Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 7 во Маврови Анови.
Времето денеска
Наутро променливо облачно, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Заменик-министерот за транспорт на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во Мароко

Заменик-министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, учествува на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата, која се одржува во Мароко, каде ја претставува Република Северна Македонија. Оваа настан има посебно значење за оценување на напредокот во спроведувањето на Глобалниот план за 2021-2030 и за зајакнување на ангажманот за безбеден и одржлив мобилитет.
Во рамките на конференцијата, потпишан е договор за имплементација на овој план, потврдувајќи ја посветеноста за подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите на патиштата на Северна Македонија.
Конференцијата продолжува и во следните денови, каде Заменик-министерот Зеколи Шаќири има можност да се сретне со министри од целиот свет за да дискутираат за предизвиците и решенијата за побезбеден патен систем. Таа е посветена на искористување на најдобрите практики и искуства за да ги спроведе во подобрувањето на безбедноста на патиштата во земјата, соопшти Министерството.
Македонија
Утрото променливо облачно и студено, преку денот сончево

Времето денеска, утрото променливо облачно и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Скопје утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во наредните денови, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.