Македонија
Сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила поради наноси од снег
Од 07:00 часот сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила, поради наноси од снег, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изгасен пожарот на планината Беласица
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.
Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица, извести ЦУК.
Македонија
ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух, а се фали со централата – стратешката инвестиција на СДСМ, вели опозициската партија
„СДСМ водеше сметка за сите аспекти за државата и во секоја смисла, и во дел на економија и во дел на екологијата. Од друга страна ДПМНЕ 7 години ги блокираше сите процеси значајни за државата, за економијата, се што обезбедуваше животот на граѓаните да биде подобар и поквалитетен го блокираа. Па дури и еколошките проекти на СДСМ со кои денеска се фалат“, соопшти СДСМ.
„Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто патем е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, посочен и во Извештај на Европска комисија.
Планот опфаќање промена на нееколошкиот начин на загревање на градинки, училишта, јавни објекти со што се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg, намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно а се заштедија и 391.446 еврa само во една година за затоплување.
Во мандатот на СДСМ се започна сите стратешки инвестиции во гасификацијата, како и когенеративната центала со која ДПМНЕ денеска се фали.
Борбата со загадувањето е процес, но ДПМНЕ не прави ниишто за тоа.
Политиките се гледаат во буџетот. Нема во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето.
Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 1 милијарда евра инвестиции за граѓаните да дишат чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.
Во програмата на ДПМНЕ со којашто ја доби довербата од граѓаните стои дека меѓу приоритетите ќе им биде обезбедување на чист воздух за сите.
Се покажа декаи овие ветувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага. Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето“, велат од СДСМ.
Македонија
Одрони на патот пред Делчево, сообраќајот се одвива по една лента
Од 09.40 часот на 2 километри пред Делчево, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива по една лента, наизменично, извести АМСМ.