Македонија
Сообраќајот на патот Кочани – М. Каменица во прекин поради одрон

ЈП „Македонијапат“ информира дека сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.
Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа отпочнувањето на проектот финансиран од ЕУ и ко-финансиран од УНИЦЕФ со наслов: „Прав(да) за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата”.
Како доказ за посветеноста на Министерството за правда за подобрување на правната рамка за правата на детето, Маричиќ го цитираше Извештајот на Европската комисија за 2020 година, каде се потврдува дека истата е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди и дека она на што треба да се работи е нејзино спроведување во практика.
„Гледајќи на децата како ‘производ’ на околностите во кои тие растеле и се развивале, наша мисија како претставници на институциите од кои доаѓаме е да им подадеме рака на оние деца кои се во судир со законот и да им помогнеме да изградат култура на ненасилство, здрави врски и навики, да им ја вратиме самодовербата и емотивната стабилност, да им обезбедиме соодветно образование и да ги вратиме на вистинскиот пат во животот. Должни сме да го унапредуваме системот за правда за децата кој ќе им подава рака на децата и систем кој ќе гарантира правда по мерка на детето“, потенцираше Маричиќ.
Отворањето на новиот Воспитно-поправен дом – Тетово е токму таков чекор со кој се овозможуваат топли и грижливи услови за рехабилитација и ресоцијализација на децата кои се во судир со законот, смета Маричиќ, кој додаде дека се запазени сите стандарди за тоа како треба да изгледа ваков дом во кој децата имаат навистина одлични услови за учење, спортување и здравствена заштита.
Маричиќ истакна дека институциите мора да бидат подготвени да превенираат секундарна виктимизација на децата во судир со законот, имајќи ги предвид нивните минати искуства и предизвици со кои се соочувале во текот на животот. Во иднина, посебен фокус ќе се стави на континуираната едукација и јакнење на специјализацијата на субјектите во системот на правда за децата и јакнење на нивната меѓуинституционална соработка. Од досегашната примена на законот, министерот за правда истакна дека можеме да заклучиме дека во најголем број случаи, субјектите во системот на правда за децата применуваат мерки, односно санкции кои не вклучуваат лишување од слобода на децата што кореспондира со Законот за правда за деца и меѓународните стандарди.
Добра вест е и тоа што изминатите години забележан е тренд на значително намалување на изречените заводски воспитни мерки од страна на судовите, што е за поздравување и што покажува дека системот функционира во интерес на детето и дека не се применуваат најрестриктивните мерки. Статистичките податоци говорат дека во 2018 година се забележува значително намалување на изречените заводски воспитни мерки од страна на судовите, односно тие биле изречени спрема вкупно 12 деца, за разлика од 2017 година кога заводски мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом биле изречени спрема 53 деца.Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.Законот треба да овозможи зајакнување на заштитата на децата жртви на кривичните дела, вклучувајќи мерки за рехабилитација, реинтеграција во општеството и интензивирана едукација на децата, како и усогласување со новодонесените директиви на ЕУ кои се однесуваат на процедуралните гаранции за заштита на децата кои се осомничени или обвинети.
Македонија
Ахмети му честита на Бајден и американскиот народ

„Ми претставува особено задоволство да му ги пренесам најискрените честитки на 46 претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден по повод денешната инаугурација во Вашингтон.Првично му посакувам на претседателот Бајден добро здравје и многу успех на функцијата“, се вели ви писмото коешто ги испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Уверен сум дека САД под водство на Бајден ќе останат стратешки партнери на Република Северна Македонија, Албанците и целиот Балкан за време на нашиот веќе неповратен процес кон целосната интеграција во Европската Унија, но и во продлабочувањето на традиционалното пријателство со Америка.Нашата соработка е искрена и ги споделуваме истите вредности. Сите успеси ги постигнавме заедно, секој успех е заеднички.Бог да го благослови албанско-американското пријателство.Бог да го благослови американскиот народ“, се додава во честитката.
Македонија
Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис. Оваа поддршка доаѓа од сите коалициони партнери и претставниците во парламентот, Владата и во институциите. Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита. Податоците од пописот се статистички податоци кои им требаат на државните институции, извршната, парламентарната, локалната и судската власт, како и на сите чинители во општеството“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот апелираше да бидеме сите позитивни кон пописот кој ни фали веќе 19 години, а успешното спроведување е должност на сите граѓани и затоа треба да го поддржиме максимално.
„Законот за попис е во Собранието, жалам што денешната седница се одложи поради тоа што не се воведува онлајн работа на парламентот, бидејќи има пратеници кои се позитивни на Ковид-19 или се во самоизолација. Со ова само се докажува неодговорноста на опозицијата и тоа не на целата партија, туку на раководството. Повикувам да се вразумиме сите, срамота е државата да нема попис – тоа е статистичка операција која нема ретроградни процеси. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права, во делот на Уставот и законите“, објасни премиерот Заев и дополни дека во светот постои искуство кога некој не ги признава резултатите да го повтори процесот кога ќе дојде на власт, но апели за бојкотирање на попис е буквално впуштање на граѓаните кон одговорност. Сите граѓани имаат обврска да бидат попишани и убеден сум дека нашиот народ целосно ќе ја исполни својата обврска.
Премиерот објасни дека пописот ги опфаќа сите граѓани, кои се регистрираат по етничка припадност, резидентните и нерезидентните граѓани. Меѓуграничната контрола дава можност во секој момент да знае државата колку од граѓаните живеат надвор од државата повеќе од една година. Сите граѓани слободно ќе ја изразат својата верска и етничка припадност.
На крај тој заклучи дека Законот за попис ќе се донесе што поскоро, затоа што и после тоа има голем број на активности во делот на подготовка за спроведување на пописот, како на пример да се обезбедат соодветни простории и човечки ресурси за менаџирање на целата постапка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот