Македонија
Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, го посети Ценатрот за згрижување жртви на семејно насилство во Струмица.
„Таа се запозна со лицата жртви на семејно насилство, како и со дел од тимот што им ја дава неопходната помош“, информираат од Кабинетот на претседателот.
Додаваат дека целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.
Од Центарот известуваат дека е забележано зголемување на бројот на случаи на семејно насилство поради пандемијата на Ковид-19 и поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања.
Токму затоа, велат од таму, потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават и да ја добијат потребната заштита, како и згрижување и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.
Од Центарот информираат дека лицата жртви на семејно и родово базирано насилство, покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траумата, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување финансиска независност.
„Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за разни социјални вештини“, велат надлежните од Центарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

