Македонија
Состанок на експертската група за правни лекови во борбата против трговијата со луѓе
Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, го отвори регионалниот состанок на експертската група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.
Според МВР, на состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и од Словенија.
„По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ и денеска и утре се одржува преку платформата КУДО, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

