Македонија
Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“
Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Испитувањата на МАНУ се во тек и регистрирано е зголемување на бројот на заболени во земјата, истакна министерот.
Филипче не ја офрли можноста понатаму да бидат воведени нови рестрикции, но смета дека во моментов не се потребни.
Во моментов, како што нагласи, има слободни болнички кревети во ковид-центрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заев не спие мирно, немирната совест го натера на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.
Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.
Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.
Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

