Македонија
Со Маричиќ од бифтеците до 80 пратеници: амбасадори го честат – тој штеди, селективна е правдата, има два начини за уставни промени
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „Макфакс“ првпат во детали елаборира за фамозните бифтеци, кој ги јадел, но и за трошењата на државната каса во ресторани. Открива дека, наместо да чести од државна сметка, по објавите од „А1он“, сега евроамбасадори го честат.
Зборуваше и за уставните измени. Тој откри два начина преку кои ќе се стигне до мнозинство од 80 пратеници за уставните промени, но и кои пратеници, од кои политички партии, се сигурни дека ќе дадат глас за Бугарите да бидат во Уставот. Одговараше дали ќе има купување пратеници или уценување со судски случаи.
Маричиќ коментира и за судството. Призна дека има селективна правда. Покажа со прст кон Обвинителството кога во прашање е случајот на Сашо Мијалков, чиј имот обвинителката Лиле Стефанова тврдеше дека вреди 30 милиони евра за сега податоците да покажат дека вредноста му е 15 милиони евра. Ја коментира и судијката што постапуваше по предметот за 27 април, Добрила Кацарска, и посочи: „Треба да се учи од неа“.
Маричиќ одговори и дали би сакал да му судат или обвинат снаи, синови и ќерки на обвинители и политичари, кои сега влегуваат во правосудниот систем со положен завршен испит во Академијата за судии и јавни обвинители. Признава дека не се гордее со правосудниот систем.
Во интервјуто за „Макфакс“, Маричиќ кажа и што му се допаѓа кај Никола Груевски, но и што не му се допаѓа кај Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Посочи политичари од ВМРО-ДПМНЕ, кои јавно ги пофали. Во интервјуто Маричиќ го нападна бугарскиот европратеник Џамбаски кого го спореди со Апасиев. Кажа и дека Пендиков треба да сноси одговорност за искажаните навреди и лаги кон Македонија и Македонците.
Гледајте го целото интервју на Маричиќ за „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

