Македонија
Со пожртвуваност и упорност до загарантиран успех!

Да се биде избран за најдобар студент на генерацијата не е воопшто лесно, а сите оние кои досега ја имале таа чест ќе се согласат дека тоa е едно од најубавите признанија за секој млад човек и поттик за понатамошни успеси.
Вистинско задоволство е да се видат млади луѓе кои препознаваат дека единствената сигурна инвестиција е вложувањето во сопственото знаење и образование, кое подоцна резултира со успешна и богата професионална кариера.
Првенците на генерација, не само што се најдобри во однос на оценувањето, што се гледа од резултатите, туку со оваа „титула“ се оценува нивната енергија, квалитет, трудољубивост и слобода да го создадат патот на својата иднина.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН, како прва приватна високообразовна институција во државата, секоја година им изразува почит на најдобрите студенти- првенци кои постигнале врвни резултати во својата едукација, доделувајќи им признанија како поттик за понатамошни успеси.
Годинава за првенци на генерација на АУЕ – ФОН беа прогласени: Лилјана Илиоска, студент на прв циклус студии на Факултетот за архитектура, Зорица Стефановска студент на втор циклус студии Факултетот за информатика, Марија Тодосова студент на прв циклус студии на Факултетот за детективи и безбедност, Стевица Ѓорѓевски студент на прв циклус студии на Факултетот за дизајн и мултимедија, потоа Ана Секулоска студент на прв циклус студии на Факултетот за економски науки, Марија Трипуноска студент на втор циклус студии на Факултетот за правни и политички науки, Сара Димовска студент на прв циклус студии на Факултетот за спортски менаџмент и Ферихан Џафероска студент на прв циклус студии на Факултетот за странски јазици.
Зошто АУЕ – ФОН треба да биде избор на секоја млада и амбициозна личност, потврдуваат студентите – првенци кои едногласно велат дека успехот што го постигнале е резултат на добрата организација, посветеност и дека учењето не ги спречило да најдат време за сè – за социјален и креативен придонес. Се разбира, нивниот успех е успех и на универзитетот, односно на академскиот кадар, којшто несебично се вложува да им го пренесе своето знаење кое на студентите ќе им отвори нови перспективи во животот.
Со двете клучни алатки талент и посветена работа, нивниот понатамошен успех на професионално поле со сигурност е загарантиран и претставува рефлексија на резултатот којшто ќе го постигнат во приватниот, но и во професионалниот живот, докажувајќи дека ништо не треба да се остави на случајноста, туку секојдневно треба да се создаваат и прифаќаат сите нови можности и предизвици.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.