Македонија
Започнаа празничните свечености по повод 11 Октомври

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје, Прилеп и Куманово.
Во знак на сеќавање и почит за учесниците во народното востание и народно-ослободителната војна делегација на Владата, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со Нина Ангеловска, министерка за финансии и Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје.
Во Прилеп свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на на Методија Андонов-Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, како и на Могилата на непобедените.
Делегацијата на Владата во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика и Елвин Хасан, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.
Содржините за одбележување на 78 годишнината од денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово ќе започнат со положување свежо цвеќе на Спомен – Костурницата.
Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Зорица Апостолска, министерка без ресор, задолжена за странски инвестиции.
Во рамките на свечената програма за одбележување на државниот празник 11 Октомври во Куманово е предвидено и обраќање на премиерот Заев.
Заев и членови на Владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Собранието по повод доделувањето на високата државна награда „11 Октомври“.
На сите свечености по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври, ќе земат учество членови на Сојузот на борците, дипломатскиот кор во нашата земја, и претставници на општествените и граѓанските организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20 часот

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20 часот, согласно одлуката на Влада за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, заклучно до 27.04.2021 година, соопшти ЈСП Скопје.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 7 до 18.30 часот.
И натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.
И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
Градски линии – последни термини пред 20 часот (од 20-27.04.2021 год)
Линија 2 19.15 ч од Автокоманда 19.25 ч од Сарај
Линија 2А 17.34 ч од Железара 16.48 ч од Сарај
Линија 3 19 ч од Панорама 19 ч Сала Ј.Сандански
Линија 3Б 16.10 ч од Панорама 15.10 ч од Кванташки пазар
Линија 4 19 ч од Хром 18.20 ч од 11 Октомври
Линија 4А 16.25 ч од Усје 17.15 ч од Тафталиџе 1
Линија 5 19.13 ч од Н.Лисиче 19.13 ч од Дексион
Линија 7 19.14 ч од Г.Лисиче 19 ч од Карпош 3
Линија 8 19.20 ч од Влае 18.10 ч од Љуботенски пат
Линија 9 19.30 ч од Кл.центар 19.10 ч од С.Север
Линија 12 19.10 ч од Шишево 19.10 ч од Ск.саем
Линија 13 17 ч од К.Вода 16.25 ч од Железара
Линија 15 19.22 ч од Н.Лисиче 19.22 ч од Карпош 4
Линија 15А 16.12 ч од Н.Лисиче 17.10 ч од Карпош 4
Линија 16 19 ч од Пржино 19.06 ч од Железара
Линија 17 13.05 ч од Островска 13.45 ч од Музеј на сов.уметност
Линија 19 19.20 ч од Карпош 4 19 ч од Ш.Оризари
Линија 20 19.29 ч од Тр.центар 19.29 ч од Ш.Оризари
Линија 21 18.20 ч од Тр.центар 19.10 ч од Бардовци
Линија 22 19.07 ч од Тр.центар 18.56 ч од Лепенец
Линија 22А 19.02 ч од Кл.центар 18.12 ч од Лепенец
Линија 23 19.14 ч од Ченто 19.14 ч од Д.печат
Линија 24 19.16 ч од Припор 19.30 ч од Тафталиџе 2
Линија 27 18.58 ч од Д.печат 19.32 ч од Вардарска
Линија 35 16 ч од Н.Лисиче 16.45 ч од Ст.Север
Линија 41 19.19 ч од Тр.центар 19.27 ч од Драчево Типо
Линија 41А 17.50 ч од Кл.центар 18.40 ч од с.Драчево
Линија 42 19.30 ч од Железара 18.30 ч од с.Драчево
Линија 43 16.40 ч од Д.печат 16 ч од Јужноморавски бригади
Линија 45 19.13 ч од Тр.центар 19.13 ч од Ченто
Линија 50 19.35 ч од Хиподром 19.17 ч од Кл.центар
Линија 57 19.15 ч од Радишани 18.57 ч од Козле
Линија 59 19.05 ч од К.бара 18.15 ч од Карпош
Линија 65В 19.28 ч од Тр.центар 19.28 ч Стајковци, Бр.пат
Линија 65В 17.35 ч од Тр.центар 17 ч од Инџиково
Линија 73 16.20 ч од Ск.Саем 17 ч од Усје
Приградски линии последни терини пред 20 часот (20-27.04.2021 год)
Линија 11 19.20 ч од Тр.центар 18.20 ч Рашче
Линија 11а 18 ч од Тр.центар 19 ч Свиларе
Линија 18 19.15 ч од Тр.центар 18.40 ч од Визбегово
Линија 31 19.30 ч од Тр.центар 18.45 ч од Д.Лисиче
Линија 32 18.05 ч од Тр.центар 18.50 ч од Љубин
Линија 33 15.05 ч од Дом на печат 14.20 ч од Чатал – Д.Лисиче
Линија 47 18.50 ч од Тр.центар 18 ч од Љубанци
Линија 47А 15.05 ч од Тр.центар 15.45 ч од Љуботен до Бутел
Линија 51 18.20 ч од Тр.центар 17.40 ч од Студеничани
Линија 52 19.15 ч од Тр.центар 19.15 ч од Ржаничино
Линија 53 18 ч од Тр.центар 18.10 ч од Кат.бања
Линија 54 17 ч од Тр.центар 17.20 ч од Идризово
Линија 55 18.45 ч од Тр.центар 18 ч од Арачиново
Линија 55А 15.30 ч од Тр.центар 16.05 ч од Брњарци до Автокоманда
Линија 56 18.50 ч од Тр.центар 17.45 ч од Бојане
Линија 58 16.40 ч од Тр.центар 17.20 ч од Добри дол
Линија 58а 19.10 ч од Тр.центар 18.10 ч од Св.Петка
Линија 58б 18.25 ч од Тр.центар 17.30 ч од Брзовец
Линија 60 18.45 ч од Тр.центар 18 ч од Матка
Линија 61 19.10 ч од Тр.центар 18.10 ч од Побожје
Линија 62 18.35 ч од Тр.центар 17.40 ч од Огњанци
Линија 63 18.56 ч од Тр.центар 19.10 ч од Мралино
Линија 63а 18.40 ч од Тр.центар 19.30 ч од Ајватовци
Линија 64а 16.20 ч од Тр.центар 17.10 ч од Никиштани до Ѓ.Петров
Линија 65 18.30 ч од Тр.центар 17.30 ч од Раштак
Линија 65а 16.52 ч од Тр.центар 17.32 ч од Страчинци
Линија 65б 18.20 ч од Тр.центар 19 ч од Смилковци
Линија 66 18 ч од Тр.центар 19.05 ч од Бучинци
Линија 67 19.20 ч од Тр.центар 18.50 ч од Зелениково
Линија 68 17.20 ч од Тр.центар 18.40 ч од Сушица
Линија 70 18.45 ч од Тр.центар 18.05 ч од Батинци
Линија 71 19.30 ч од Тр.центар 18.40 ч од Бањани
Линија 74 16.30 ч од Тр.центар 15.30 ч од Количани
Линија 81 18.30 ч од Тр.центар до Горњани17.20 ч од Блаце
Линија 118 18.40 ч од Тр.центар 19.10 ч од Визбегово инд. зона
Линија 160 18.10 ч од Дексион 18.55 ч од Матка
Линија 164 19.20 ч од Волково 19.30 ч од Кучково
Линија 165 19.25 ч од Стајковци 19.30 ч од Виниче
Линија 167 18.15 ч од Зелениково до Н.Село 18.30 ч од Н.Село до Зелениково
Линија 180 19.10 ч од Драчево 17.40 ч од Цветово
Македонија
Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде што заедно со српскиот државен секретар за здравство, Мирсад Черлек, имаше можност да дискутира во однос на капацитетите за производство на вакцините.
„Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини ‘Торлак’, каде што ќе се произведуваат не само вакцините што досега се произведени во календарот туку и веќе се припрема производство на вакцината ‘спутник В’. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот ‘Торлак’ нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а особено за нашите братски и комшиски држави, како што е Северна Македонија“, рече државниот секретар за здравство на Србија, Мирсад Черлекм, во изјавата за медиумите пред Институтот „Торлак“.
Министерот Филипче се осврна на заклучоците што произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија, Лончар, во кои речиси сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти, и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктурата и на препораките за третман на пациентите.
„По успешниот состанок со министерот Лончар, на кој разговаравме за навистина важни теми во делот на менаџментот на целокупната криза предизвикана од Ковид-19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки, како и во делот на третманот на пациентите, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид-центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите во клиничката слика, овој бран во споредба со тој од минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични, односно исти, и дека, дефинитивно, во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата“, рече Филипче.
Министерот Филипче изјави дека Институтот „Торлак“ е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во целиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментот функционира со надградени капацитети.
Македонија
Утре сончево со мала облачност и краткотраен дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?