Македонија
Со СДСМ и Ковачевски земјава напредува економски и политички, фактор на стабилност на Балканот, порачаа од СДСМ
Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски, Македонија напредува и економски и политички, соопшти владејачката партија.
„ Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот.
Нашата држава ги има уредено внатрешните односи на највисоко можно ниво и ги има решено отворените прашања со соседите
Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
Голема чест и признание за нас, е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, како значајно постигнување за мирот, помирувањето и економскиот развој како клучни предуслови за забрзан прогрес за целиот Западен Балкан кон ЕУ, се случи токму во Охрид.
Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжи по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави“ наведуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

