Македонија
Со СДСМ и Ковачевски земјата стана фактор на стабилност на Балканот, велат од владејачката партија
Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски, Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот, велат од владејачката партија.
„Денеска сме земја членка на НАТО, земја што преговара со ЕУ, земја што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ и држава во која се депонираа договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
Сите прашања со соседите ги имаме решено, притоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.
Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.
Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот“, порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

