Македонија
Со 81 глас пратениците изгласаа Северна Македонија

Пратениците ги изгласаа уставните измени. Со 81 глас „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ е донесена одлука за прогласување на сите амандмани што произлегуваат од договорот од Преспа.
Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.
Во амандманот 34 зборовите „кои живеат во нејзините граници“ се заменува со „како и граѓаните што живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.
Амандманот 35 гласи „Републиката ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“ се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.
Амандман 36 гласи:
– Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;
– Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани што живеат или престојуваат во странство;
– Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;
– Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Со новиот текст изгласан денеска се менува третиот став, кој сега гласи: Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.