Македонија
Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите
Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте за пасоши или да се продолжи важноста за што пречка е текстот на Законот за патни исправи, кој ја утврдува важноста на патните исправи.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека не е проблем да се закаже сединца на Влада за пасошите откако вчера техничкиот министер за внатрешни работи јавно го повика да свика седница на која ќе се бара решение на проблемот.
„Имаме две можни решенија, едното е во разговор со фирмата којашто е добавувач да го направи тоа што е можно побрзо и на начин на кој ќе може да придонесе целата оваа работа да се преброди во целиот овој период. Тоа мора да биде заедно проследено и со менаџирање на состојбите внатре за тоа да биде распоредено. Втората работа, воопшто не е проблем свикување седница на Влада, ние имавме седница и разговаравме. Проблемот е што Законот за патни исправи утврдува колку е важноста на патните исправи и секоја одлука на Владата не може да го промени законскоиот текст и тука е клучната анализа којашто ние ја правиме. Инаку, направени се консултации со клучните партнери и од овој процес очекувам дека ќе се изнајде некое решение коешто ќе помогне во целата оваа ситуација, меѓутоа менаџментот е број еден во целиот овој процес“, рече премиерот Спасовски.
Претходно денеска МВР информираше дека седумдесет и седум барања за пасоши биле разгледани на првиот состанок на Комисијата во Министерството за внатрешни работи завчера, формирана од техничкиот министер Наќе Чулев, за решавање на проблемот со недостиг на обрасци за пасоши, а од нив треба да се одлучи кои ги исполнуваат критериумите за да бидат процесуирани по итна постапка.
Комисијата е едно од привремените решенија за менаџирање на останатите 4.900 обрасци за пасоши. Новата пратка од 100 илјади обрасци од „Веридос“ министерот Чулев ја најави за 24 март или десетина дена порано.
Тој предложи Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите до моментот на пристигнување на нови патни исправи, а премиерот Спасовски побара Чулев предлогот официјално да го достави до Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

