Македонија
Спасовски: Во име на здравјето и егзистенцијата на секого, со СДСМ сте на сигурно, излезете и гласајте
Потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2 Оливер Спасовски во финишот на изборната кампања со апел до граѓаните дека гласањето е безбедно и дека сите сме пред огромна одговорност да го сочувавме сето она што го осигуравме во изминатите три години и имаме само еден избор, да продолжиме по правиот пат.
„ Обезбедивме сигурни плати и пензии, сигурни перспективи за младите, сигурни евроатлански интеграции и правиот пат е Сигурност. Следуваат специфични времиња во коишто ќе треба да продолжи успешната грижа за здравјето што денес ја водат одговорни луѓе. И следуваат специфични времиња во економијата за коjaшто се исто така потребни одговорни луѓе, кои покажаа што значи заштита на сечија егзистенција, сечиј бизнис, сечиј кров над главата.
Да, можеме и повеќе и подобро и тоа ќе го направиме во периодот што претстои. Но со СДСМ сте на сигурно и ве повикувам – излезете на гласање и гласајте за бројот 3, СДСМ и коалицијата „Можеме“. На другата страна е режимот што чека шанса да се обнови. Зарем ќе му дадеме шанса воопшто и да помисли дека може да се врати?
На таа страна во тој мрак се луѓе избркани од работа затоа што не работеле под партиски директиви, се уценети бизниси, се изолирана држава и блокирани перспективи за соединување со современиот свет. На таа страна се криминали, закани по живот. На таа страна се лаги и конструкции. На таа страна е ужас. ВМРО-ДПМНЕ е голема опасност за јавното здравје, за обнова на сиромаштијата и обнова на мракот, за обнова на режимот. Не смееме да го дозволиме тоа. Ниедна битка не е лесна, не е ни оваа. Ќе се бориме во којашто се бориме да продолжат перспективите.
Постигнавме членство во НАТО, на чекор сме до преговори со ЕУ со сочуван идентитет. Градиме успешно едно општество за сите – се грижиме за сите. Ги покачивме платите, пензиите, социјалната помош, ја зголемивме како никогаш досега поддршката за младите. Со новата развојна економија, сега кога ги затворивме сите прашања што го блокираа нашиот развој, нашата иднина е сигурна. Сакате ли сигурна иднина? Отфрлете ја опасноста. Излезете на гласање. Сите здравствени протоколи за безбедно гласање се донесени.
И изберете 3, изберете СДСМ и Сигурност. Опасностите да ги оставиме во темните страници на историјата на коишто ќе биде испишано како заедно сме ставиле крај на остатоците од режимскиот систем, за никогаш да не се повтори. Да се разбудиме на 16 јули спокојни, дека сме го направиле потребното и сме ја осигурале и сегашноста и сигурната иднина на нашите деца. Број 3. Од секој од нас зависи. Излезете и гласајте. За сигурност“ порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

