Македонија
Спасовски: Интерпелацијата е чудна, системот на вредности на опозицијата е изместен
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со интерпелацијата за неговата работа што беше поднесена во Собранието рече дека таа претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата
Спасовски на почетокот на своето обраќање пред пратениците оцени дека интерпелацијата е чудна бидејќи се однесува на настаните поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој е во затвор.
„Името на Мијалков се плашевте да му го спомнете со години, а сега гледаме како се зголемува бројот на години што ќе треба да ги издржи во затвор. Каква иронија – идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација во суштина претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата и затоа во најмала рака е чудна“, рече Спасовски.
Во обраќањето тој посочи и дека само од почетокот на годината до средината на април запленети се околу 850 килограми дрога, намален е бројот на обиди за илегални преминувања за повеќе од 30 проценти, а сузбиени се и две криминални групи.
„Активно се постапува по 7 оперативни акции, во речиси сите сегменти е очигледно подобрувањето, за 9,5 % е намален вкупниот криминалитет“, додаде Спасовски.
Интерпелацијата за работата на министерот Спасовски ја поднесе Алијансата за Албанците, а кон неа се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

