Контакт

Македонија

Спасовски: Миграциите не се ексклузивно национален проблем, справувањето мора да оди преку поширока хармонизирана нормативна рамка на ниво на ЕУ

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, учествуваше на панел-дискусија во рамките на Меѓународната школа за миграции со наслов „Хуманитарните аспекти на мешаните миграциски текови“, што во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржува во Центарот за едукација на Црвениот крст во Струга.

dobivaj vesti na viber

Упатувајќи благодарност до Црвениот крст на Република Северна Македонија за поканата да учествува на панел-дискусија на две теми, „Миграцијата и влијанието врз домашното население и врз јавните институции“ и „Важноста на меѓуинституционалната соработка“, министерот Спасовски во своите две обраќања се осврна низ призмата на искуствата и согледувањата на Министерството за внатрешни работи во поглед на феноменот на миграцијата како институција што непосредно беше и е инволвирана во многу сегменти од проблематиката на миграциите. „Следствено, миграцискиот бран, кој во текот на 2015/2016 година ја зафати Европа, вклучително и нашата држава како незаобиколен дел од транзитниот коридор на таканаречената западнобалканска миграциска рута, сосема јасно се виде – покажувајќи низа слабости генерално во Европа – дека влијанието на таквиот, во последните неколку децении невиден егзодус на цивилно население, е крајно сериозно врз мноштвото општествени сфери – економската, безбедносната, здравствената, хуманитарната, социјалната и така натаму“, рече Спасовски додавајќи дека импактот на миграцијата врз домашната јавност и јавните институции е незаобиколен, но дали и какви ќе бидат резултатите од него најмногу ќе зависи од институционалната и од јавната подготвеност, од зрелоста и од функционалноста во давањето соодветен одговор.

„Всушност, во Европа, а и кај нас, во изминатите неколку години, токму повикувајќи се на искуствата од 2015/2016 година, се направија и донесоа многу концепциски, нормативни и институционални новини во насока на ефикасно превенирање на негативностите и проблемите што може да се продуцираат со миграциските токови. Дотолку повеќе што подготвеноста и успешното справување со миграциските проблеми веќе се наметнаа и како прашања од своевиден национален интерес. Речиси и да нема институција што во својот домен на работа не е засегната, во поголема или помала мера, сеедно, од појавата на миграциските движења. Тој заклучок е неоспорен, практично го доживеавме и видовме кај нас и во Европа пред неколку години“, рече Спасовски додавајќи дека секое општество мора да биде подготвено да прави точни процени за потенцијалите на евентуално нови мигрантски кризи, како и за потребните мерки, за институционалните и други капацитети што му стојат на располагање за да се искористат за анулирање какви било последици по нормалното општествено функционирање и сигурноста на своите граѓани.

Во однос на втората тема „Важноста на меѓуинституционалната соработка истакнувајќи го фактот дека во Европа, а и во Република Северна Македонија како нејзин составен дел, тргнувајќи од претходните искуства, министерот Спасовски истакна дека се дојде до заклучок дека миграциите не се ексклузивно национален проблем и дека справувањето со нив мора да оди преку една поширока хармонизирана нормативна рамка на ниво на Европската Унија, секако со уважување на различностите од аспект на миграциските фактори – како земји на транзит, земји на крајни дестинации и слично. „Од аспект на Министерството за внатрешни работи, ние изминативе години, во согласност со своите организациски, кадровски и финансиски капацитети и во тесна соработка со нашите партнери од ЕУ и САД, успеавме во повеќе сегменти да ги подобриме активностите, особено во делот на регистрацијата, евиденцијата, контролата и безбедноста на мигрантите, притоа водејќи сметка и за внатрешната безбедност на граѓаните на Република Северна Македонија, но и на регионалната и глобална безбедност“, истакна Спасовски.

Македонија

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки

Објавено пред

На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик.

dobivaj vesti na viber

Оваа потпрограма, како што објаснија од владините служби, претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно јакнење, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Во рамки на втората фаза, вкупно се одобрени 829 проекти во вредност од околу 15 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку следниве министерства:

Министерство за транспорт и врски – над 8 милијарди денари

Министерство за животна средина и просторно планирање – околу 2, 5 милијарди денари

Министерство за образование и наука – околу 1,6 милијарди денари

Министерство за култура – 622 милиони денари

Министерство за социјална политика, демографија и млади – 520 милиони денари

Министерство за спорт – 544 милиони денари

Со ова продолжуваме континуирано да ја поддржуваме секоја општина која ги исполнила условите според јавниот повик, без разлика на политичката припадност на нејзиното раководство. За нас, единствено важни се граѓаните, нивната благосостојба и создавање подобри услови за живот во секој дел од државата“..

Во рамки на првиот јавен повик, беа доделени 4,1 милијарди денари за 274 проекти, дел од кои се веќе реализирани, а другите се во реализација, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минчев: Јавната администрација повеќе не смее да биде заштитена зона за привилегирани поединци

Објавено пред

По повод една година од формирањето на Министерството за јавна администрација, министерот Готан Минчев презентираше преглед на клучните резултати и реформски потези што, како што потенцираше ја поставија основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

dobivaj vesti na viber

Минчев истакна дека преку политичка волја, транспарентност и вложување во човечкиот капитал, министерството спровело системски промени насочени кон департизација, професионализација и дигитализација на администрацијата. Овие чекори, како што нагласи, претставуваат почеток на една нова ера во која јавната администрација која станува вистински сервис на граѓаните, а не привилегија за поединци

-Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, нагласувајќи дека јавната администрација повеќе не смее да биде „заштитена зона за привилегирани поединци“, туку сервис на граѓаните.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

-Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Министерот најави дека законските решенија кои произлегле од јавните консултации се веќе во завршна фаза во Собранието.

-Ги поставивме темелите на таа нова култура. Македонија е решена да стане модерна, европска држава и тоа не може да се постигне со стари навики, туку со нова култура на управување, заклучи Минчев.

Новите закони за јавната администрација во Северна Македонија, како што образложи Минчев, носат значајни реформи насочени кон департизација, професионализација и дигитализација на јавниот сектор.

„Конечно, Македонија стана активен член во европската мрежа за квалитет преку имплементација на CAF моделот. Овие чекори претставуваат системска трансформација насочена кон департизација, професионализација и европеизација на јавната администрација, рече министерот.

Овој европски систем за самоевалуација, како што информираше, веќе е применет во неколку институции.
„Преку CAF, институциите не само што зборуваат за квалитет – тие го мерат, го применуваат и го наградуваат“, рече министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

Објавено пред

ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј, парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа.

dobivaj vesti na viber

Првиот човек на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, а на настанот беа присутни и Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

„Овој договор за отстапување на парцелата за истражувања на Археолошкиот музеј е симбол на посветеност за презентација на културното наследство и заштита за идните генерации. Ова наследство не е важно само за историјата на Македонија, туку е дел и од европската цивилизација“ истакна Маиер.

За директорката Манаскова, поддршката од ЕВН е пример за општествена одговорност, а договорот е основа за долгорочна соработка која ќе овозможи подобри услови за работа на археолошкиот локалитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ3 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија3 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија4 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија5 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија5 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет6 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет8 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет8 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија9 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет10 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет10 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа10 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ1 ден

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија1 ден

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ1 ден

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...