Контакт

Македонија

Спасовски: Одговорноста за бегството на Мијалков е во непостоењето на целосен систем

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја презентираше својата верзија на настаните што се случувале претходните три дена, поврзани со бегството на Сашо Мијалков. Тој има слична верзија за настаните како и обвинителката Вилма Русковска. Проверувани се и камери од објекти и снимки од улици и раскрсници. Што има на нив, Спасовски не сподели.

dobivaj vesti na viber

„Се сомневам дека постои крт во  која било од институциите кои долги години беа под режимот. Не можеме да кажеме дали и кој го прави тоа, но има сомнежи дека во сите институции кои се надлежни има протекување на информациите. Да чувствувам одговорност треба да не е постапено кога е добиена  информацијата. Ние сме постапиле. Ние мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целосен систем. Доколку имаме вакви сериозни пропусти на постапката во системот, не можеме да одиме напред. Мора да се знае за кои и какви предмети предмети да се даваат решенија за притвор. МВР извршува наредби од обвинителство или суд. Не можеме да носиме одлуки. А зошто се чекало од 23 сабота вечер да се бара притвор дури во недела во 14:30?“, рече Спасовски.

Спасовски направи хронологија на настаните.

„МВР продолжува со потрагата по Сашо Мијалков. Во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или имаат врска со овој случај. Денеска дополнително се повикуваат и други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат за овој случај. Проверени се камерите од Безбеден град, одземени се камери од објекти. Распишана е меѓународна потерница. Дозволете пред сè најкатегорично да ги отфрлам сите шпекулации за договори за  кого било. МВР ги презеде сите мерки за обезбедување на лицето“, рече Спасовски.

Тој објасни што се случувало во саботата, кога Русковска првпат ги добила информациите дека можеби Мијалков ќе избега.

„Во саботата околу 12:30 часот добив повик од Вилма Русковска и ме извести дека Сашо Мијалков подготвува бегство. Иако можела да го извести судот, се договоривме да испрати документ до МВР да провериме дали имаме ние такви сознанија. Во 17 часот добивме известување во кое стои дека Русковска располага со информации дека Мијалков се подготвува да избега поради тоа што ќе добиел поголема затворска казна од посакуваната. Во 23 часот е испратено известување до ОЈО. Во 22:30 часот е издадено за прикриено полициско делување. Следење на лице без судска наредба не може да се направи“, објасни Спасовски.

Спасовски објасни дека МВР во 21:30 дознало дека Мијалков е недостапен за органите на прогонот.

„Во неделата се побарани дополнителни информации од БЈБ, но немало. Дадени се наредби за следење на излезите на градот. Во 18:40 минути е забележан кон ‘Мериот’, Мијалков со женско лице и три машки лица. Потоа три возила излегле од ‘Мериот’, но не можело да се види дали и Мијалков е внатре. Возилото се упатило кон улица Славејко Арсов. По решението за притвор, во 21:30 минути утврдено дека Мијалков не е таму. Извршени се проверки во три станови, сопственост на Мијалкови“, додава Спасовски.

Македонија

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

Објавено пред

СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.

„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.

Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.

„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија22 минути

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет52 минути

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет1 час

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет2 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија13 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија13 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија20 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија20 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија20 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија21 час

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија21 час

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија21 час

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија23 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија23 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет1 ден

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...