Македонија
Спасовски од Прилеп: Мирна новогодишна ноќ
Преземените и реализирани градежни работи вредни околу 35 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на МВР не само што генерално ќе ги подобрат условите за секојдневно работење на нашите колеги при Одделението за внатрешни работи Прилеп, туку истовремено се и предуслов за очекувано и натамошно подобрување на ефикасноста на полициските служби, дотолку повеќе што со извршените работи и просторно, не само инфраструктурно, се решаваат наследените проблеми преку обезбедување на нов простор за дел од службите при ОВР Прилеп“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна работна посета на ОВР Прилеп во присуство на дел од раководството на МВР.
Спасовски оствари работна средба и со раководството на оваа организациона единица на која што стана збор за актуелни теми што ги засегаат граѓаните , по што присутните извршија увид во завршените градежни работи на објектот на ОВР Прилеп.
Безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Прилеп од областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и сообраќајот за 2021 година беше оценета како релативно добра и стабилна. Состојбата прикажана со статистички податоци на ниво на ОВР Прилеп во поглед на криминалитетот заклучно со ноември 2021 година, споредбено со 2020 година, бележи намалување од околу 30 проценти.
Министерот Спасовски изразувајќи задоволство од постигнатите резултати во работата на ОВР Прилеп потенцираше дека позитивните статистики дополнително мотивираат да се продолжи со активностите врз основ на однапред утврден динамички план за работа, со цел инвестирање во подобрување на општата инфраструктурна кондиција на сите оние објекти за кои што е оценето дека е неопходна реконструкција или санација, а за кои изведбата би била извршена согласно меѓународно прифатените стандарди како на ниво на градежно изведување така и на ниво на техничко-професионални стандарди.
Тој информираше дека во моментов се работи на седум објекти во разни организациони единици низ државата и тоа: ОВР Делчево, ОВР Берово, ОВР Радовиш, ОВР Свети Николе , ЕВР Карпош, ЕВР Гази Баба и објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, за што од буџетот на Министерството се издвоени околу 82 милиони денари.
„Дозволете ми да потенцирам дека изминативе неколку години, преку низа конкретни, мерливи и проверливи активности, вклучително и во овој сегмент успеавме – не само да се поместиме од нулта точка, туку и преку континуираната ангажираност да докажеме дека и тоа како може со сопствени сили и со сопствени средства да се креираат и воспостават квалитетни претпоставки, како во поглед на натамошно подобрување на материјално-техничката состојба во којашто работат полициски службеници, така и во поглед на поквалитено остварување на нивните секојдневни работни обврски а во интерес на сите наши граѓани“, рече Спасовски.
Ги брифираше новинарите и за безбедносната состојба во текот на новогодишната ноќ на територијата на државата, која помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Притоа, регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава, приведени се вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле и седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

