Македонија
Спасовски: СДСМ во кампања ќе влезе без митинзи и активности „врата до врата“
СДСМ за претстојната кампања изготвила протокол по кој ќе се одвиваат нивните предизборни и партиски активности, изјави Оливер Спасовски, коментирајќи дека тоа значи оти сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри.
„Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца“, рече Спасовски.
Како што истакна, заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања која ќе биде без настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика; без настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика; без митинзи и без активности од „врата до врата“.
Спасовски посочи дека е очигледен одговорниот пристап на СДСМ, наспроти нивните опненти од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно ги крши мерките и задолженијата и ги прекршува забраните за јавни собири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

