Македонија
Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на „Фејсбук“ се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника.
„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите што секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во која се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со која работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги привремено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно, ќе го победиме“, напиша Спасовски.
Тој на 27 октомври објави дека е позитивен на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„OCR Кучково 2025“: во недела петто издание на трка со препреки во Македонија

На 28 септември 2025 година, во с. Кучково, Општина Ѓорче Петров (кај Крстот), ќе се одржи петтото издание на единствената трка со препреки во Македонија, организирана од Спортското здружение ОТАКУ СКОПЈЕ.
Оваа трка претставува уникатно спортско и адреналинско доживување за сите учесници, кои ќе можат да ја тестираат својата физичка и психичка подготвеност на патека долга преку 8 км која има повеќе од 20 предизвикувачки препреки. Трката вклучува качување по јаже, преминување преку високи ѕидови, ползење низ кал, носење товар, трчање низ природен терен, како и многу други предизвици кои остануваат изненадување, најави организаторот.
„OCR Кучково“ е многу повеќе од спортска трка – тоа е тест за издржливост, самонадминување и тимски дух, кој создава незаборавни моменти за секој што ќе застане на стартната линија.
По завршувањето на трката ќе се одржи церемонија за наградување на најдобрите во категориите: мажи, жени и тимови“.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот, авантурата и природата, да ги бодрат натпреварувачите и да уживаат во единствената трка со препреки во земјава, која ќе се одржи во недела (28 септември, во 10:00 часот), кај Крстот во с. Кучково.
Македонија
Доста е со декларации и резолуции, да се фатиме за работа, порачува Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз предлага конкретна активност, а не резолуции или декларации ко според нив се користат за дневно политички препукувања, манипулации и политички маркетинг.
Демократскиот сојуз бара да се престане со носење на резолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува или чита.
Демократскиот сојуз предлага македонскиот Парламент да се обрати до Советот на Европската Унија со следните барања:
Советот на Европската Унија да ги донесе следните заклучоци:
Прво, по приемот на Македонија во Европската Унија, Македонскиот јазик да биде официјален јазик.
Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтегративните процеси.
Трето, да ја обврзе Бугарија да ги спроведат одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, со кои ќе им се овозможи на Македонците во Бугарија да се здружуваат за афирмација на своите особености поврзани со јазикот, културата, историјата итн“.
На овој начин, како што оценуваат од оваа партија, ќе се покаже национално единство и ќе се предизвика реакција од страна на ЕУ.
Македонија
Алиу најави надградба на хибридната сала на Клиниката за државна кардиохирургија: „Единствена од ваков тип во државата и регионот“

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по повод промоција на надградена хибридна сала во оваа установа, која, според надлежните, е единствена во регионот од ваков вид.
-Продолжуваме со инвестиции од инфраструктурна и техничка гледна точка. Денеска сме тука по повод надградба на хибридната сала, што е единствена хибридна операциона сала во нашата држава и пошироко во регионот. Станува збор за современа апаратура што овозможува детекција, анамнеза и интервенција, а потоа и следење на здравствената состојба на пациентот при кардиохируршките интервенции, посочи Алиу.
Со новиот компјутерски томограф, за кој се обезбедени средства од Министерството за здравство во вредност од 2 милиона евра, со најсовремени софтвери, овозможени се услови со кои нашата држава се вбројува меѓу водечките центри во оваа област. Софтверите на ангиографот и томографот се целосно комплементарни и овозможуваат највисок стандард во ендоваскуларниот третман, истакнуваат од Министертвото за здравство.