Македонија
Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме македонски модел на образование
Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш македонски модел на образование, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, која одржа онлајн-состанок со претставници од естонското и грузиското Министерство за образование, претставници од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ди Џовани.
На состанокoт беа споделени искуствата на Грузија и Естонија за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали.
Министерката истакна дека врз основа на меѓународните искуства ќе креираме наш нов македонски образовен систем на основно образование, кој ќе дава резултати и на домашните тестирања и на меѓународните тестирања. Но, клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваа одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината и забелешките на учениците, родителите и наставниците.
Царовска рече дека работната група што ја прави новата концепција за основно образование испратила прашалник со истражување до сите наставници за да се утврдат нивните ставови и што е тоа што недостига на образованието. Истиот прашалник ќе се достави и до родителите и до учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.