Македонија
Спасовски: Со активна меѓународна соработка до справување со современите глобални безбедносни ризици
Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика и со право поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Истовремено, во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам, во секое општество сè поприсутен е и феноменот на радикализација, во кое слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи и го менуваат своето однесување, од политички активизам до примена на насилни средства и методи“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот на своето излагање на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, која се одржа денеска во Виена, во организација на Шведска, како годишен претседавач со ОБСЕ, а на тема „Зајакнување на сеопфатниот пристап за спречување и борба со тероризам и насилен екстремизам и радикализација, кои водат до тероризам во променливи околности“.
Спасовски посочи дека градењето ефикасни стратегии и политики нужно подразбира идентификување на условите во кои тие се јавуваат, како и начините на нивно манифестирање во согласност со актуелните трендови.
„Како одговор на безбедносните ризици и предизвици, Република Северна Македонија постојано ги надградува своите национални капацитети во согласност со безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот со цел јакнење на меѓународната, регионалната и на националната безбедност“, нагласи Спасовски.
Во таа смисла министерот Спасовски истакна дека за справување и превенирање на појавите на насилен екстремизам и тероризам се планираат и преземаат интензивни мерки и дејства на национално ниво преку координација на 22 институции во рамките на Националниот комитет за сузбивање насилен екстремизам и радикализам и борба против тероризмот, како и во рамките на Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност, преку функционирањето на формираниот посебен Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во чиј состав функционира и одделението за превенција. Притоа тој апострофира низа тековни активности почнувајќи од оние на локално и регионално ниво, организирани и реализирани од мултидисциплинарни тимови, потоа преку интензивна соработка на полицијата со локалните заедници, особено со специфични целни групи (младите, верските заедници, здруженијата на граѓани итн.), како и со иницирање и спроведување проекти засновани на интерактивност и мултидисциплинарен пристап кон поединци или ранливи групи за кои, според усвоените индикатори, е констатирано дека се можна цел на индоктринација или регрутација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

