Контакт

Култура

Споменик на Горан Стефановски во Дебар Маало

Објавено пред

Општина Центар ќе подигне споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало. Иницијативата за споменикот ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

„Советниците на Општина Центар ја усвоија иницијативата на Македонската академија на науките и уметностите за поставување спомен-обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен-обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’“, соопштија од Општина Центар.

Постарите скопјани се сеќаваат дека на само 200 метри од ова паркче се наоѓаше семејната куќа на Горан Стефановски. Куќата на Стефановски во Дебар Маало била една од првите куќи изградени таму во втората половина од 20-те години на минатиот век, кога овој простор бил само ледина. Од оваа куќа потекнуваат и театарските режисери Ристо Стефановски (чичко на Горан) и Мирко Стефановски (татко на Горан), како и познатиот гитарист, братот на Горан, Влатко Стефановски.

„Симболиката на Дебар Маало и локацијата на идното спомен обележје на писателот беше животно и духовно, а особено книжевно врзана со работата и животот на Горан Стефановски“, велат од Општината.

Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон.

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори не само во Македонија туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други.

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески

Објавено пред

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует. Заради неа и се преселил во Белград. По неколкугодишна врска се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „По дождот“ и средба со Раде Шербеџија

Објавено пред

Издавачки центар „ТРИ“ ја претставува авторската книга „По дождот“ на филмскиот, телевизиски и театарски глумец Раде Шербеџија.

Промоцијата на книгата ќе биде на 26 февруари (среда), во Клуб-ресторанот во МКЦ, со почеток од 19 часот.

Промотор ќе биде истакнатиот писател и колумнист Венко Андоновски.

Книгата излезе од печат во 2018 година, a главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните. Тие често како тегобност создаваат немир за кој мора да се пишува. За да се ослободи мислата, минатото, да се вкрстат патеките, да се заспие покрај морето или океанот. Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси, како странец во друга земја.

Секогаш неодреден, секогаш надвор од метежот, а внатре во себеси – Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна. Опишувајќи ја славата, но и осаменоста низ призмата на релациите меѓу себе и семејството, но и со холивудската немилосрдност, тој во „По дождот“ ни нуди токму таков амбиент. Сонце што огрева откако сите облаци ќе се расчистат.

Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја создава својата книга на животот со леснотија опишувајќи ја најтивката и најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија10 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија11 час

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија12 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија14 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно16 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија16 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион16 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт18 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија18 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет18 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет1 ден

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија2 дена

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие