Македонија
Средба Димитров-Вархеи: Земјава ги исполни условите, одлуката за пристапните преговори да се донесе без одлагање
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес имаше средба со Оливер Вархеи, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, кој се наоѓа во прва официјална посета на земјава, што воедно претставува и негова прва посета во странство по стапувањето на функцијата.
Посетата доаѓа во важен период кога новиот состав на Европската комисија официјално ја презеде функцијата и до крајот на јануари се очекува да го објави предлогот за ревидирана методологија за водење на пристапните преговори. Димитров им искажа благодарност за јавните изјави на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, и на еврокомесарот Вархеи дека Северна Македонија ги исполнила условите и дека одлуката за почеток на пристапните преговори треба да се донесе без натамошно одлагање.
Министерот Димитров порача дека ние сме заинтересирани што побргу да се објави предлог-методологијата и се надеваме дека тоа ќе ги разреши сите дилеми и задоволително ќе ги отслика барањата на сите земји членки за заживување и зацврстување на процесот на проширување. Иако се наоѓа во непосреден предизборен период и во технички капацитет, Владата ќе направи сè што е во нејзина моќ да испорача дополнителни резултати во поглед на имплементацијата на реформите со ЕУ-предзнак.
„Донесувањето на одлуката за почеток на преговорите е од клучно значење. Северна Македонија направи сè што се очекуваше од неа за да се донесе заслужената позитивна одлука. Во изминатиот период промените во земјата се видливи иако сè уште имаме предизвици на кои посветено работиме. Почетокот на преговорите ќе придонесе досегашните резултати да бидат валоризирани, но и да имаме поттик за продолжување со посуштински реформи. Сметаме дека со нашето досегашно ЕУ-искуство постигнавме високо ниво на подготвеност и усогласеност со законодавството на ЕУ. Северна Македонија не бега од задачи и поизострено оценување. Напротив, нетрпеливо сака да почне да се докажува и не ѝ пречи запирање на процесот во случај на назадување во реформите. Со комесарот Вархеи блиску ќе работиме на следните чекори и заедно се согласивме да внесеме поголема динамика во меѓусебните размени за постигнување на заедничката цел, што е воедно и заеднички успех“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

