Македонија
Средба на Ковачевски со Трендафилов: СДСМ е на страна на работниците, нема да дозволиме поигрување со синдикалното движење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/kovacevski-trendafilov-1.jpeg)
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и со претседателството на синдикатите.
Како што соопштуваат од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот на ССМ премина во сопственост на државата.
Претседателот Ковачевски беше дециден дека е на страната на работниците, на страната на синдикатите и дека цврсто стои во одбрана на нивните интереси.
-Заштитата на правата на работниците, почитувањето и вреднувањето на нивниот труд е столб на социјалдемократијата. СДСМ нема да дозволи урбанистичко дивеење или уништување на синдикалното движење, кое е основа на прогресивните процеси во државата. Никој да не си замислува дека ќе биде поинаку и ќе може да си поигрува со синдикатот. Да се тргнат рацете од ССМ, ќе помогнеме да се најде најдобро решение и нема да дозволиме такво нешто, рече Ковачевски.
Владата во рамки на своите ингеренции треба да најде начин за решавање на овој проблем, настанат по одлука на Врховниот суд, потенцираше Ковачевски.
Владата предводена од СДСМ, во изминатите години и покрај сите предизвици, опстои на ветувањата за политики за подобар живот, повисок стандард на граѓаните, на работниците.
За сето тоа говорат и фактите, двојно е зголемена минималната плата, од 8,000 денари во 2016 година на 21.000 денари во моментов. Следува ново покачување на минималната плата во март оваа година на 22.500 денари.
Владата на СДСМ еднаш засекогаш постигна одржливо решение заедно и со поддршка на Синдикатот.
Дополнително, просечната плата е над 630 евра, што е покачување за речиси 300 евра во однос на 2016 година. Платите ќе растат и во иднина, СДСМ останува посветена на економските политики кои значат повисок животен стандард и поголеми плати, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.