Македонија
Средба на ОБСЕ Тројката Османи - Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/thumbnail_2-11.jpg)
Во пресрет на 29-от Министерски совет на ОБСЕ, која ќе се одржи во период од 1-2 декември 20022, во Лоѓ, Полска, денес министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија, на Република Полска и Кралство Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау, Тобиас Билстром одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.
Во фокус на координативниот состанок беше изнаоѓањето на континуитетот на заедничката работа и решенија за справување со актуелните ситуации, предизвикани од неоправданата агресија од страна на Русија врз Украина, и двете земји учеснички на најголемата европска безбедносна организација.
Во овој контекст, Османи говореше за заложбите на земјата при своето претседавање со ОБСЕ од први јануари 2023, со цел да ги врати на виделина темелните вредности на ОБСЕ, како уникатна платформа за комуникација и дијалог, со цел намалување на тензиите, поттикнување на предвидливоста и одржливоста.
„За време на нашето претседавање ќе се фокусираме во зачувувањето на клучните вредности и принципи на ОБСЕ, продолжувајќи да направиме разлика во терен и да ја вратиме стабилноста преку ревитализација на дијалогот”, истакна Османи.
На денешната агенда на Османи во Лоѓ, беше и ОБСЕ- Паралелната конференција на цивилното општество 2022, која се одржи во Универзитетот за технологија во Лоѓ. При своето обраќање, нагласи дека соработката на ОБСЕ со невладиниот сектор ќе биде еден од клучните темели во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.