Контакт

Македонија

Средба на претседателката Силјановска-Давкова со полскиот амбасадор: разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји

Објавено пред

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, тековните предизвици и можностите за искористување на потенцијалите со цел продлабочување на билатералната соработка.

Во годината кога се одбележува триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, заемна констатација беше дека односите меѓу двете земји се на исклучително ниво и беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог, соработката во рамките на меѓународните институции и партнерството во НАТО.

Претседателката се заблагодари за континуираната поддршка од Полска во реализацијата на македонските стратешки цели и изрази подготвеност за натамошна соработка на евроинтеграцискиот план и исполнувањето на реформската агенда.

Во таа насока претседателката ја потенцира важноста од непречено одвивање на нашиот пристапен процес во ЕУ и изрази очекување дека полскиот активизам и поддршка, билатерално, како пријатели на групата за проширување на ЕУ и преку вишеградската група, ќе продолжат со иста енергичност и во иднина.

На средбата беше истакната подготвеност за унапредување на образовната соработка и беа поздравени чекорите во насока на проширување на економската соработка, трговската размена и соработката во енергетскиот, информатичкиот и земјоделскиот сектор.

Македонија

Министерот Орхан Муртезани се сретна со американската амбасадорка, Ангела Агелер: Реформите и борбата против корупцијата беа главни теми

Објавено пред

Министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани, денеска во неговиот кабинет се сретна со нејзината екселенција, амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Северна Македонија, Ангела П. Агелер. На средбата се разговараше за важни прашања од билатералната соработка, борбата против корупцијата, како и за подготовката на Реформската агенда на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и тековните политички прашања.

dobivaj vesti na viber

Министерот Муртезани на средбата истакна дека го цени придонесот на САД и амбасадорката Агелер во поддршката на евроинтегративните процеси на Северна Македонија и изрази подготвеност за соработка со САД за забрзување на реформите за напредок на земјата кон членство во големото европско семејство. Муртезани потенцираше дека Северна Македонија останува доверлив партнер на САД, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот. Тој информираше дека Реформската агенда од Планот за раст беше дискутирана на седницата на Владата и целиот пакет е навремено доставен до Европската комисија, со што започна процесот на меѓуреосроска консултација во системот на ЕК.

Амбасадорката Агелер, пак, изрази подготвеност како и секогаш да ѝ помогне на земјата во реформите и во борбата против корупцијата. Таа ја истакна важноста за блиската соработка меѓу сојузниците и заедничката посветеност за унапредување на стабилноста и економскиот развој.

Соговорниците се согласија дека е исклучително важно да се искористи моментот за спроведување на Рефромската агенда, со што ќе се обезбеди значаен придонес за социо-економскиот раст, обезбедување на стабилност и намалување на диспаритетите меѓу земјата и ЕУ.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

„Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ

Објавено пред

Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги честеше своите луѓе. Сега ДУИ ѝ забележува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство, Арбен Tаравари, откако пратениците на „Европскиот фронт“ на прес-конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки притисок врз директорите на Клиничкиот центар сами да си дадат оставки.

dobivaj vesti na viber

Од ДУИ реагираат и плачат зошто е укината функцијата економски директор во Министерството за здравство, но треба да знаат дека на оваа партија ѝ требаат две работи, вели министерот Таравари.

„На ДУИ ѝ треба добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција, мора да го смени својот коруптивен менталитет“, пишува Таравари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Објавено пред

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри по што се удавило.

dobivaj vesti na viber

„Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето“, информираа од СВР Струмица, велат од МВР.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата...

Македонија1 час

Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите, веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризите и целосно преиспитување на организацијата внатре, со...

Македонија2 часа

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полицијата место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет-шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето...

Топ3 часа

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија6 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија7 часа

ЦУК: Oд рани зори се гаснат пожари од земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура8 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет8 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа8 часа

(Фото) Сателитите открија системи „Панцир“ и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион8 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет9 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија20 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија24 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија24 часа

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија24 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија1 ден

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...