Македонија
Средношколците присуствуваа на состанокот на Комисијата за заразни болести
Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколците. На редовната координација од страна на претставниците на Комисијата им беа презентирани извештаите со детаљната состојба од Ковид-19 во земјата.

На состанокот претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од повеќето се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше, пред сѐ, предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно во согласност со епдидемиолошката состојба во земјата.
Министерот за здравство, Венко Филипче, пред средношколците го објасни процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Тој информира дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.
На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите фактори, заедничката комуникација продолжува и понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

