Контакт

Македонија

ССНМ го осудува неетичкото известување на некои од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани

Објавено пред

ССНМ го осудува неетичкото известување на некои од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани

dobivaj vesti na viber

И покрај сите предупредувања и договорениот безбедносен протокол и насоките за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот што со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ.

Повеќето од домашните медиуми, со неколку отстапки, го почитуваа договорот и се придржуваа до насоките и информираа коректно, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин.

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги осудува постапките на некои од медиумите и смета дека со начинот на информирање (преноси во живо) ги нарушија стандардите за етичко новинарство и дополнително ја зголемија болката кај погодените, но и кај публиката.

ССНМ уште еднаш ги замолува претставниците на медиумите и во следните денови на жалост да ја остваруваат својата основна улога – да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси.

Македонија

Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари во општина Илинден

Објавено пред

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден.

dobivaj vesti na viber

Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, општина Илинден известува дека и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: „Власта го крие труењето на народот – олово, арсен и цијанид во Kрива река“

Објавено пред

„Излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да го прикријат злосторството!“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Министерот за животна средина, Изет Меџити, не само што ја дозволи оваа катастрофа, туку и се обиде да ја заташка, тврдејќи дека станува збор само за „заматување на водата”.

И за жал, за очекување е, „Булмак 2016”, компанијата која управува со рудникот, да продолжи со работа како ништо да не се случило.

Во реалноста, рударските компании под контрола на ДПМНЕ, ја трујат реката со опасни хемикалии, а државата не презема ништо! Напротив таа е соучесник. На чело на рудниците во Крива Паланка (Тораница) и Пробиштип (Добрево) стои Тони Тоневски – Тозо, поранешен градоначалник на Пробиштип од ДПМНЕ и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Пробиштип. Тоневски не е обичен управител, менаџер – тој е директно назначен од премиерот Христијан Мицкоски, како дел од партиската шема за контрола на рударската индустрија.

Овде не станува збор за изолиран инцидент. Со години истите луѓе кои управуваат со овие компании профитираат од експлоатацијата на природните ресурси додека народот и животната средина страда. Наместо државните институции да ги заштитат граѓаните – тие служат како послушен сервис за бизнис интересите на рударските концесионери.

Ова е еколошки и криминален скандал што бара итна одговорност, но институциите се целосно распаднати и ставени во служба на партиските интереси. Системот што ДПМНЕ и СДС го градат со децении, денес е во тотален колапс – корумпиран, неспособен и потчинет на бизнис-елитите. Додека тие владеат, ваквите катастрофи нема да бидат исклучок, туку правило.

Браме итно повлекување на раководителот Тони Тоневски-Тозо од сегашната функција и истрага која би ја воспоставила неговата улога во труењето на реките. Дополнително, бараме драконски казни за концесионерите „БУЛМАК 2016” кои соодветствуваат на сторената штета. Се помалку од ова би било продолжување на политиките кои доведуваат до вакви катастрофи“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Објавено пред

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и ја критикуваше иницијативата „Кој е следен?“ која стоеше зад протестите откако девојчето беше усмртено на пешачки премин, а сега стои и зад протестите по трагедијата во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка – затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност. Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина“, ја почнува објавата Кулакова.

Таа вели дека некој со болен ум, со туѓа трагедија решил да си прави профит, па така во јавноста се појавила иницијативата „Кој е следен“.

„Пред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“. Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки“, продолжи Кулакова.

Вели дека веќе на вторите протести се почувствувало дека нешто не е во ред.

„Протестот веќе не беше на народот – имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж. Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно. Присуствував на еден состанок – последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент“, додаде таа.

Вели дека тие што тогаш го воделе тој наратив, тие што ги гледале како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците.

„И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор – тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат – зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце.

Протестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта.

Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.

Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата. “Кој е следен?” да ве прашаме вас: Кој е следен?, Која мајка? Кој брат? Која сестра? Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“, се додава во објавата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ2 часа

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет3 часа

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет4 часа

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион4 часа

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет5 часа

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа5 часа

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија6 часа

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија21 час

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија21 час

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија21 час

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија23 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија1 ден

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија1 ден

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија1 ден

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија1 ден

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет1 ден

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија2 дена

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...