Македонија
Стаменковска-Стојковски: Заев вети намалување на бројот на министри, а си постави рекордни 25
Зоран Заев во 2016 година ветуваше намалување на бројот на министри на 20, а по седнувањето во премиерската фотелја, си постави 25, обвини дополнителната заменик-министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски.
„Предизборно Заев зборуваше и за преобемна администрација, а во неговиот мандат не само што не ја намали туку создаде и рекордно најголем број вработени во јавниот сектор. Пред да стане премиер јавниот сектор во Република Македонија имаше 128.722 вработени лица. Овој број на почетокот на 2020 година изнесува 134.900. Никогаш Македонија немала толку многу вработени административци, како што е тоа под раководство на СДСМ“, рече таа.
Според Стаменковска-Стојковски, Заев ветувал реорганизација на јавниот сектор и намалување на бројот на институции, а во неговиот мандат и бројот на институции се зголемил.
„На крајот на 2017 година во Македонија имало 1.299 институции, а со СДСМ на власт овој број на почетокот на 2020 година изнесува 1.324 институции. Тоа се уште 25 директорски места, канцеларии на директорите, шофери, лични асистенти, службени возила на трошок на граѓаните. Зоран Заев докажано прави спротивно на сè она што предизборно го ветуваше. Токму затоа, никој повеќе не верува во неговите зборови. На 15 јули граѓаните на Република Македонија ставаат крај на лагите и измамите на СДСМ. Граѓаните избираат обнова“, вели Стаменковска-Стојковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

