Македонија
Станковиќ: За да се реши проблемот со ЈСП, Арсовска и нејзините пајташи веднаш да си дадат оставка

„Прво и основно, секој од нас од човечки аспект ги подржува работниците и тука не треба да стане збор дали некој ги подржува или не ги подржува работниците. Каде настанува одреден проблем за кој што всушност и ние денеска дебатираме. Ако се сеќавате на 18 ноември имаше точка на дневен ред каде што беа предвидени субвенции за ЈСП Скопје, не сега овие субвенции од 700 милиони денари, него 110 милиони денари субвенции за јавното претпријатие, а тоа се оние пари кои што беа нели предвидени во буџетот и кои беа наводно резервирани. После три пати закажување на седници за дебатирање основното нешто што беше изнесено овде пред сите советници, и од страна на директорот, на раководството, од страна на претставникот на Град Скопје бидејќи градоначалничката не беше присутна кога се бараа тие субвенции и најчесто не е. Беше истакнато дека се бараат исклучително 110 милиони или 2 милиони евра за да се исплатат плати за ноември и декември 2023 за вработените во ЈСП Скопје. Оттаму кога дојдовме денеска на седница и се истакнува дека вработените не земале плата за декември месец и ги гледаме дека заедно дека се собрани пред вратата да штрајкуваат и да, ги поддржуваме, но останува прашањето зошто тие вработени немаат земено плата за декември кога советот изгласа субвенции за плата за ноември и декември“, рече Малиша Станковиќ, советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната вонредна седница и додаде:
-Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно истакна дека не е тука адресата на која што тие вработени треба да се обратат, адресата е на друго место.
Станковиќ во текот на своето обраќање дека оваа точка не требало да биде на дневен ред затоа што претходно имало изгласано плата за месец ноември и декември. -Каде завршија тие 110 милиони денари субвенции. Ние знаејќи дека веќе изгласана плата за ноември и декември, сметавме дека оваа точка не треба да биде дел од вонредна седница. Ако веќе сме дале пари за ноември и декември плата зошто тогаш ова би било вонредна точка? Ние сега сметаме дека со овие субвенции, така и е предвидено да бидат плата за јануари, февруари, март, кажа тој. Станковиќ потсети дека и претходно се сомневал во искрените намери на раководството на Град Скопје. „Јас тогаш од ова говорница зборував дека се сомневам во искрените намери на раководството, пред се на раководството во Град Скопје дека наменски ќе ги искористи овие средства кои после тоа ги гласавте. Се искористија ли наменски средствата, ако ги искористија наменски плата ќе имаше“, заклучи тој. На крајот, Станковиќ порача дека за да се реши проблемот со ЈСП, потребно е реструктуирање, кои би почнало најпрвин со тоа што претседателката на Нова алтернатива да си даде оставка, а потоа на сите пајташи што ги донела и го заглавија градот. „Ако сакате ЈСП Скопје да функционира, вработените редовно да земаат плата, тука да се зборува за реструктуирање, најголемото реструктуирање би почнало и реално ако сакате, претседателката на Нова алтернатива да го помогне ЈСП, сега е моментот да си даде оставка, поголема помош од тоа нема. Тука е првата причина и првата помош е тука, дајте си оставка и ќе помогнете, па по тебе и сите пајташи што ги имаш донесено и кои го заглавија градот. Па кога ќе завршиш со пајташите околу тебе, оставка и за овие таканаречени опозиционери, кои се опозиција, имаат по 2-3 директори на изгубени избори“, порача Станковиќ.©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.
Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.
„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.
Македонија
(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.
„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.
Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.
Македонија
Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.
„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.