Македонија
Стан како роденденски подарок од дедо за својот внук

Доделен е и четвртиот од петте стана на инстант-лозот „Доме, сладок доме“
Државна лотарија со радост ве запознава со Раде Стојчевски, дедото кој на својот внук за роденден му подари стан за роденденски подарок, дарувајќи му 5 инстант лоза „Доме сладок доме“.
Раде Стојчевски од скопската населба Драчево е четвртиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 32 квадрата е во вредност од 2 914 181 денар (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а ќе биде роденденски подарок за неговиот внук Давид.
Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници. Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај дедото Раде, најсреќен беше малиот Давид. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.
Раде честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија. Овојпат, купил пакет СРЕЌА ПЛУС ‒ 5 лоза „Доме, сладок Доме“ од продажното место „Саде Ес“ на улица Партизанска.
На 23 септември, на роденденската прослава на внукот Давид, Раде му ги подарил 5-те лоза. По само некој миг, гребејќи ги лозовите малиот Давид открил дека добил најдобар роденденски подарок – стан во една од најубавите скопски општини, Аеродром. Пресреќни, но по малку и скептични за добивката, семејството се упатило до најблиското продажно место каде што ја потврдиле добивката. Роденденската прослава продолжила до раните утрински часови.
Државна лотарија, на Давид му посакува среќно и безгрижно детство и исполнет дом во иднина, а ние ги очекуваме добитниците за последниот и најголемиот стан во Скопје од инстант лозот Доме сладок доме.
Стан за 100 денари, да и тоа е можно со инстант лотаријата на Државна лотарија, затоа во среќата треба да се верува и со радост да се подарува можност за СРЕЌА ПЛУС. Со дарување инстант лозови, подарувате можност за возбуда, радост и добивки. Подарените лозови ја пренесуваат и желбата на дарителот, па не случајно излегува дека токму подарените лозови се најдобитни.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати коишто дополнително ќе ја стабилизираат.
Таа оцени дека Шпанија е важен партнер на земјава во рамки на НАТО, ООН, ОБСЕ и изрази благодарност до владата на Санчез и Шпанија за доследната поддршка на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Реафирмирајќи ја посветеноста на државава кон евроинтегративниот пат, Сиљановска-Давкова ја повтори позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, таа укажа на потребата од одржување на кредибилитетот на политиката на проширување и нагласи дека регионов кој историски, географски и културно припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство.
Претседателката со задоволство ја прими информацијата од премиерот Санчез дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.
Двајцата соговорници разговараа за соодветно одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Македонија
Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова динамика и проактивност во насока на унапредување на европската агенда на регионот.
Муртезани и Старовиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, особено во контекст на спроведувањето на Планот за раст, кој претставува заедничка можност за засилување на регионалната економска поврзаност и приближување кон европските политики. Посебен акцент беше ставен на досегашната соработка врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства, како и на новите можности за иницијативи од заемен интерес, вклучително и прекуграничните програми за развој и инфраструктурно поврзување.
Министрите го нагласија значењето на доследна и координирана примена на европските реформи во регионот, како предуслов за реализација на економските и институционалните придобивки предвидени со новиот пристап на ЕУ. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на блиската комуникација и заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји.