Македонија
Во функција иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите
По предлог на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и институциите во системот за борба против корупција, а со цел да се пристапи кон процесот на намалување на дискреционите овластувања на функционерите, Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата за потреба од формирање работна група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидуваат дискрециони овластувања на функционерите, како и информацијата за координативни активности помеѓу институциите во системот за борба против корупцијата.
Како заклучок во врска со оваа информација Владата ги задолжува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и Инспекцискиот совет, во рок од 10 дена до кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, во електронска или пишана форма да достават анализа, која ќе биде сочинета од деловите наведени во согласност со содржината на оваа информација и од која треба да произлезат предлози за подобрување на законската рамка, но и фактичките услови за работа на антикорупциските институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

