Македонија
Стевчо Јакимовски е позитивен на ковид, ги повика неговите контакти да одат во самоизолација

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски соопшти дека е позитивен на коронавирус.
„Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи. Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете
сите потребни мерки“, порача Јакиковски.
Тој наведе дека се чувствува добро и се надева оти наскоро ќе се врати на обврските во Општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: На големиот граѓански собир ќе покажеме дека народот нема верба во оваа влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ресен, прашан за активната блокада и најавените протести за 18 јуни рече дека и понатаму продолжуваат да го блокираат сето она кое се однесува за тесни партиски интереси како автентичното толкување на законот за игри на среќа, законот за марихуана и ред такви закони од коишто граѓаните, како што кажа, нема да имаат никаков бенефит.
„Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока. Како второ, Ковачевски и оваа влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за датум за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања коишто народот ги живее. Така што, можам да кажам дека продолжуваме во рамките на Парламентот со оваа активна блокада и со организација на големиот масовен собир бидејќи молчењето не е опција“, истакна партискиот лидер.
Како што рече Мицкоски, целта на големиот граѓански собир на 18 јуни е да се упати порака дека времето на оваа влада е одамна изминато.
„Народот нема веќе верба дека оваа влада може било што да стори и време е за предвремени парламентарни избори со една нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ја води Македонија напред преку патот на реформи и за подобра иднина на сите граѓани“, потенцира претседателот на опозициската партија.
Македонија
Грковска-Кундурос: Грција ѝ дава силна поддршка на Северна Македонија за преговорите со ЕУ

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со Русос Кундурос, амбасадор на Република Грција во земјава.
Амбасадорот Кундурос ја пренесе пораката на официјална Атина дека грчката Влада ја поддржува Република Северна Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија и добивање датум за одржување на првата меѓувладина конференција и тоа, како што кажа Кундурос, недвосмислено е укажано на земјите членки на Европската Унија.
Грковска се заблагодари на поддршката што Грција ѝ ја дава на нашата држава на европскиот пат и укажа дека во заеднички интерес, но и во интерес на Европската Унија е да имаме стабилен Балкан кој ќе промовира пријателство.
На состанокот се разговараше и за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка, но и размена на искуства особено во делот на дигиталната трансформација на општеството и креирањето на антикорупциските политики.
Грковска информираше дека искуството на Грција во процесот на дигитализацијата за нас ќе биде од големо значење. Таа додаде дека за нашата држава е важно да креираме политики кои ќе бидат применливи, одржливи и долгорочни.
Македонија
Регистрирани 96 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1 лице.
Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 57, Битола – 8, Охрид и Ресен – по 3, Кичево, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Кочани и Неготино – по 2, Куманово, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–97, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-41, Биотек-37, Систина-34, лабораторија Лаор-17, Синлаб-9, Ремедика-20, Плодност-8, Генеа-5, Никоб лаб-64, ВФВ Медикал-14, Ели медика плус-18, Ројал медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 615.
Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146285, Активни 315
Куманово 16663, Активни 13
Битола 15576, Активни 70
Прилеп 14194, Активни 17
Тетово 13470, Активни 7
Кавадарци 10672, Активни 16
Велес 9783, Активни 2
Гостивар 9603, Активни 9
Охрид 8888, Активни 20
Струмица 8071, Активни 2
Штип 8044, Активни 11
Кичево 5641, Активни 7
Кочани 5087, Активни 6
Струга 4724, Активни 5
Гевгелија 4417, Активни 4
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2743, Активни 11
Свети Николе 2629, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 0
Делчево 1983, Активни 3
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1674, Активни 13
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0