Македонија
Стигнува обид за окрупнување на албанскиот опозициски блок – Гаши, Касами и Меџити седнуваат на иста маса
Тројцата лидери на опозициските партии од албанскиот блок, денеска, седнуваат на иста маса. Терминот и местото не се прецизирани, но извесно е дека Африм Гаши од Алтернативата, Биљал Касами од Беса и Изет Меџити од „огнените“, кој формира ново движење, ќе се сретнат веќе денеска. „Макфакс“ за ова доби потврда од Гаши.
„Да, ќе има средба. Но, сѐ уште не сме одредиле кога и каде. Ќе разговараме за можноста за соработка“, вели Гаши.
Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.

