Македонија
Столтенберг: Добредојде во НАТО, Северна Македонија!
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ни посака добредојде во алијансата како нова, 30-та членка.
„Добредојде во НАТО, Северна Македонија! Патот беше долг, но напорите вродија со плод. Формалниот процес на пристапување е завршен, драго ни е што 30-тата земја членка на алијансата е со нас“, објави на својот твитер-профил Столтенберг.
Welcome to #NATO, #NorthMacedonia! It’s been a long road, but all your efforts have paid off. The formal accession process is now complete, and we are glad to have the 30th member of our Alliance with us: https://t.co/g6HxvQ4OlT ?? #WeAreNATO
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 27, 2020
Церемонијата за подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО ќе се одржи в понделник во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал, сер Стјуарт Пич, и Зоран Тодоров од делгацијата на нашата земја во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

