Македонија
Стојаноска: По 15 јули се обврзуваме на проекти во културата и дигитализација на културното наследство

Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска, денеска заедно со кандидатот за пратеник од Гостивар, Фуркан Чако, ја посетија познатата куќа на Чаковци во Гостивар.
„Претпладнево заедно со кандидатот за пратеник од Гостивар, Фуркан Чако, ја посетивме познатата куќа на Чаковци во Гостивар. Оваа пригода сакам да ја искористам и да ги пренесам реакциите на моите сограѓани Турци коишто деновиве ми се пожалија на тоа дека нивните роднини од гурбет, како и нивните луѓе коишто треба да отпатуваат во странство заради работа не можат тоа да го сторат поради хаосот што владее во Министерството за надворешни работи. Дури има случај едни да тргнат на пат и од половина пат да бидат вратени, токму затоа моите сограѓани не се задоволни од оваа власт бидејќи не успеа да се справи со короната, односно со здравството, како и со економијата и со дипломатијата“, нагласи Стојаноска.
Стојаноска дададе дека додека другите партии условуват, се закануваат или излегуваат со препакувани работи во предизборието, ВМРО-ДПМНЕ во програмата за обнова се обврзува на мерки и проекти што ќе важат подеднакво за сите без разлика на партиска или етничка припадност.
„ И додека едни партии сега излегуваат со исти препакувани лаги, додека други партии се закануваат со војни или даваат некакви предизборни услови, ВМРО- ДПМНЕ во програмата за обнова се обврзува на мерки и проекти што ќе важат подеднакво за сите, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова за сите без разлика на партиска или етничка припадност“, кажа Стојаноска.
Стојаноска истакна дека по 15 јули се обврзува на поттикнување и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија, како и континуирана заштита и валоризација на материјалоното културно наследство и дигитализација на културното наследство.
Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ Стојаноска ги повика граѓаните на 15 јули да гласаат за бројот 14 за обнова и повеќе за секого.
Затоа на 15- јули бројот 14 е избор за повеќе за секого, избор за обнова избор за исправена Македонија-заклучи Стојаноска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.