Македонија
Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе дигитализација на услугите и користење на ПејПал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/bojan10022024.jpg)
Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ќе преземе чекори и мерки за економска трансформација на Македонија, рече пратеникот од редовите на оваа партија Бојан Стојаноски.
– Како идна влада се обврзуваме да ги тргнеме бирократските бариери. Даночната администрација и државните службеници ќе бидат служба на граѓаните и бизнисот. Ќе се спроведе дигитализација и поедностави постапки. Недозволиво е граѓани да чекаат за услуга од УЈП и по неколку дена или да треба да вртат телефони да им се заврши работа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи користење на ПејПал сервисот во Македонија, негова интеграција, како и овозможување на работа на слични сервиси и институции за електронско плаќање, а се со цел да им се поедностави функционирањето на младите фриленсери и програмери кои работат за странство и остваруваат значаен девизен обрт. Со интеграција на тие системи во нашиот систем, тие ќе може легално да ги добиваат своите пари во Македонија и за нив да платат данок, рече Стоаноски
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пристап со мерки кои ќе ја запрат инфлацијата, ќе го забрзаат растот и развојот.
– Еден од клучните постулати на идната влада е данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со оваа мерка ќе мотивираме голем број на мултинационални компании да ги префрлат своите профитни центри во Македонија и тука да го платат својот данок. Бенефит од оваа мерка ќе имаат и Македонските компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра. Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%., рече Стојаноски.
Вредно е да се напомене дека во целиот период од 4 години, мандат на владата, ќе бидат алоцирани 1 милијарда евра кон општините за инфраструктурни проекти, со цел рамномерен економски развој. Сите мерки, според Стојаноски, ќе бидат насочени кон општ развој, а не како сега, кога економијата тоне. Македонија мора да фати чекор со развиените држави, Македонија може многу подобро од тоа што е сега, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.